„Курир“: Дали Заев и шпионот Верушевски синоќа во „Пелистер“ договараa нова криза ?

Зоран Заев синоќа од 20 часот па се до полноќ беше на неколкучасовни разговори и консултации со неговиот близок соработник шпионот Зоран Верушевски, во скопскиот ресторан ,,Пелистер” во центарот на градот.

„Курир“ ги објави фотографиите од оваа средба кои ги снимиле минувачи.

Како што пишува  порталот, истите поттикнуваат поставување на едно сосема логично прашање: дали Зоран Верушевски, обвинет за шпионажа и незаконско снимање на телефонски разговори и ослободен од притвор од страна на Катица Јанева, заедно со својот верен партнер и покровител Зоран Заев започнал со подготовки на нов план за креирање на криза во Македонија? Дали оваа криза е сценариото кое СДСМ го подготвува за да избега од избори?

Претходната соработка на аболицираниот криминалец Зоран Заев со неговиот истоименик Верушевски заврши со вештачка политичка криза креирана и одржувана од Заев и СДСМ повеќе од две години, криза која остави сериозни последици по целата држава и економија.

Дали Заев, кој е аболициран за криминал тежок над 8 милиони евра, повторно подготвува нов план за продолжуање на состојбата на криза во државата? Лидерот на СДСМ во јавноста е познат како политичар кој не држи ниту една секунда до својот збор и речиси редовно се демантира себеси.

На сами от почеток кога новинарите ја открија неговата врска со Верушевски, неговата партија и Заев се обидуваа да ја сокријат соработката и поврзаноста со Верушевски. На прес-конференција на Бихаќка портпаролот Петре Шилегов изјави: ,,Раководството на СДСМ нема блиски контакти со господинот Верушевски”. Само неколку денови подоцна Шилегов и СДСМ беа демантирани токму од Зоран Заев, кој призна дека соработувал со Верушевски околу планирањето на „бомбите“. Заев дури и призна дека му купил компјутер на Веерушевски и дека го подготвувал неговото бегство од Македонија.

Дали Зоран Заев повторно преку Верушевски ќе креира ново сценарио за бегање од избори кои СДСМ е извесно дека ќе ги загуби, ќе покаже единствено времето. Она што е јасно е дека каков и да би бил планот за дестабилизација на државата, подршката од народот за веќе видените и деструктивни сценарија на СДСМ е многу мала, а граѓаните се повеќе се гневни кон криминалните структури кои сакаат на власт без избори и добивање легитимитет од народот.

Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ во којшто се товари за шпионажа и за насилство спрема високи државни функционери, а Зоран Заев е четвртоосомничен во истиот случај. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева сметаше дека нема потреба Верушевски да биде во притвор, па тој беше ослободен.

Во големата афера со нелегално стекнатите приватни разговори, Зоран Заев тврдеше дека прислушувани биле повеќе од 20.000 македонски граѓани и првично изјави дека поседува околу 660.000 разговори, за неколку месеци подоцна самиот јавно да соопшти дека во СЈО предал 1.050.000 разговори.

Иако Обвинителството го демантираше Заев и соопшти дека официјално од него примиле околу 400.000 разговори помалку од она што тој го тврдеше, не покрена истрага околу снимките кои недостигаат. Во изминативе месеци дел од тие разговори се појавуваа на анонимни канали на интернет и според мислењето на јавноста служат за „праќање пораки“ т.е. за заплашување и уценување на јавни личности и политичари.

Неодамна Претседателот Ѓорѓе Иванов на македонските граѓани им порача да бидат мирни, бидејќи Верушевски веќе нема влијание во безбедносните служби. На ова реагираше Верушевски и изјави: „Моето влијание во безбедносните служби никогаш не било поголемо од денес“.

vlijanie-5

Што содржат разговорите меѓу Заев и Верушевски, односно меѓу било кои други функционери на СДСМ, јавноста никогаш не дозна. Иако тврдеше дека „сите биле прислушувани“, Заев на своите прес-конференции пушташе само снимки од своите политички противници. Граѓаните имаа единствено прилика да прочитаат комуникација преку скајп помеѓу Верушевски и своите соработници, а во која тие најавуваа граѓанска војна во Македонија.