Курир до СДСМ: Ако толку ве интересира со кого сме се сретнале, обратете се до Канцеларијата на ЕУ во Скопје

СДСМ и денеска продолжува со притисоци врз „Курир“, откако вчера редакцијата на порталот оствари средба со високи претставици на ЕУ во Македонија. На прашањето на СДСМ зошто „Курир“ не ги објавувал имињата на претставниците со кои се сретнале, од порталот порачуваат:

Нашиот одговор е доколку СДСМ толку ја интересира со кого сме се сретнале, тогаш нека се обрати до канцеларијата за односи со јавност во Делегацијата на Европската комисија и ќе добие информации дали и со кого е остварена средба, наместо секојдневно преку смешни соопштенија да го прозива „Курир“ за тоа дали ги повикал меѓународните институции.

Од редакцијата уште еднаш повторувуваат, доколку СДСМ сака да знае дали и со кого се сретнале, тогаш нека се обрати до канцеларијата на ЕУ во земјава.

Инаку, на вчерашната средба, „Курир“ ги информира странските претставници за последните случувања кога членови на СДСМ испратија грозоморни закани по живот до сите вработени во медиумот.

Од наша страна тие беа информирани и за целиот однос кој опозициската партија го има кон нас, како и за секојдневните соопштенија преку кои вршат директен притисок врз новинарите на Курир. Курир ги информираше високите европски претставници за сето она за кое на јавноста и најави дека ќе ги информира, а ако СДСМ толку го интересира со кого сме се сретнале, еве по трет пат, повикуваме да се обратат до Канцеларијата на ЕУ.  Високите претставници на ЕУ, жестоко го осудија ваквото однесување кон новинари. Од нив добивме силна поддршка и заложба новинарите да можат слободно да си ја работат својата работа. За потсетување, заканите до вработени во Курир од страна на СДСМ, беа остро осудени и од Европската Комисија, велат од редакцијата на новинската агенција.

Европската комисија минатата недела ги осуди заканите по животот на новинари на македонскиот интернет-портал „Курир” од страна на активист на опозициската СДСМ. Повикувајќи се и на забелешките за слободата на медиумите во последниот прогрес-извештај, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич, порача дека „Брисел осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат”.

Европската комисија придава големо значење на почитувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Како што е наведено во извештајот за напредокот, посебно во оној за вашата земја, Европската комисија осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат, порача портпаролката Коцијанчич на прес-конференцијата во зградата на ЕК во Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.