„Курир“ : Додека Бекири правел криминал, сопругата земала пари од ПОЦ

Вршејќи криминал и нелегални активности во име на СДСМ, Бекири очигледно во тесна врска со опозициски функционери, издејствувал работно место за својата сопруга во ПОЦ (Паркинзи на општина Центар), пишува порталот „Курир“.

Според досегашните информации Захир Бекири кој е дел од структурите на СДСМ имал за цел да креира лажни афери со цел намалување на рејтингот на функционерите на владејачката партија. Од она што досега беше објавено, во неговата фабрика се фалсификувале афери, но и бугарски пасоши, како и швајцарски сметки.

Првоосомничениот за фалсификување на лични карти бил дел од структурите на СДСМ
Првоосомничениот за фалсификување на лични карти бил дел од структурите на СДСМ

Првоосомничениот Бекири викан Чауш редовно се појавувал на партиските состаноци на опозицијата. На неговиот профил на социјалните мрежи може да се забележи дека на 3-ти декември годинава го фотографирал и својот син со Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Како што објавија повеќе медиуми, сопругата на Захир Бекири е вработена во Паркинзи на општина Центар каде директор е претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.

Курир нагласува дека ова претпријатие откако беше превземено од страна на СДСМ се претвори во приватна фирма за згрижување на нивни партиски кадри.

Вработената на Саша Богдановиќ зема пари од џебот на граѓаните на општина Центар, додека нејзиниот сопруг прави тежок криминал за целите на својата партија.