понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

„Курир“: Еве што значи селективна правда

Сепак, неколку примери што значи селективната правда јасно го покажуваат лицемерието на опозицијата, пишува „Курир“.

selektivna-pravda-transparent

Поврзани вести

По вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, кој донесе одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани, најголемата опозициска партија СДСМ и нејзините сателити излегоа со обвинувања за селективна правда, а нивната шарена револуција синоќа маршираше со порака „Селективна правда не е правда“. Сепак, неколку примери што значи селективната правда јасно го покажуваат лицемерието на опозицијата, пишува „Курир“.

СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА: Заев останува единствен аболициран политичар

Порталот потсетува дека со вчерашната одлука на претседателлот Иванов за укинување на аболицијата на политички експонираните лица, Заев остана единствениот аболициран политчар во земјава за криминал тежок 8 милиони евра, амнестиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Со ова, Заев останува единствен кој е помилуван за криминал тежок 8 милиони евра. Иако најави дека ќе бара повлекување на аболицијата за „Глобал“, случајот во кој во 2008 година беше обвинет за злоупотреба на службеното овластување како струмички градоначалник, досега тоа не го сторил.

zaev-solzi

Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

Се бараше притвор за Едмонд Темелко, а Верушевски беше ослободен од притвор

Што значи…

Најчитани вести