„Курир“: Еве што значи селективна правда

Законот за медиуми со европско знаменце донесен пред две и пол години, со високи оценки, сега се сака да се смени и да се донесе некаков хибриден закон кој не постои во ниту една друга држава.

Законот за медиуми е донесен пред само две години, на 26 Декември 2013. Овој закон се донесе во преговори на Владата, со Здружението на новинари и Претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. По завршувањето на преговорите Дуња Мијатовиќ изјави дека овој закон е еден од најлибералните закони во Европа. Донесувањето на законот беше подржан од Европската Унија и Амбасадата на САД. Овој закон доби Европско знаменце, со што Европската унија потврди дека постојниот закон е согласно европските практики и стандарди.

За овој закон досега немало забелешка во ниту еден извештај на ЕУ, ниту во забелешките и препораките на Прибе, ниту во забелешките на ОБСЕ, ниту во ниедна изјава на висок преставник на ЕУ или САД.

Против носење на нов закон се сите релевантни медиуми во Македонија, Македонската асоцијација на новинари, Асоцијацијата на национални Телевизии, експертската јавност во Македонија, со еден збор сите релевантни фактори во државата кои ги засега оваа проблематика. Ако е така се прашуваме кој и во чие име има право да преговара за законски измани ако новинарите и медиумите се експлицитно против тоа.

Новинарската фела и медиумите се согласни ако веке се прави промена на законот за медиуми, истиот да биде копија на некој од законите на било која европска земја. На ваквиот став дека може да се препише било кој закон од ЕУ, повратниот одговор е дека треба да се направи “уникатен модел“.

И додека од една страна обвнинува за немање на слобода и споменува режим и диктатура, од друга страна опозицијата на терен се однесува диктаторски. Нејзините послушници секојдневно уништуваат, заплашуваат и атакуваат врз слободата на меидуми и поедини лица. Дополнително, опозициските фунционери и поддржувачи не се “симнати“ од телевизиските екрани, што само дополнително потврдува дека обвинувањата за немање слобода, всушност се најголемата лага на опозицијата и граѓаните добро го знаат тоа.

Zaev-Janeva-Verusevski-640x341

Државата ја прислушувала опозицијата, а нема ниеден разговор од опозиционер

Една од најголемите манипулации на опозицијата секако се тврдењата дека државата била одговорна за скандалот со прислушувањето и ја прислушувала опозицијата. И додека Заев и неговите сопартијци го тврдат ова, во јавноста досега не се појави ниту еден единствен разговор на луѓе од опозицијата. Специјалната обвинителка Kатица Јанева крие колку од снимките од незаконското прислушување, кои ги поседува нејзиното обвинителство, се однесуваат на власта, колку на опозиционерите, а колку на бизнисмени и новинари.

Од „најприслушуваниот” нема снимки

Прислушувањето…