„Курир“: Еве што значи селективна правда

Прислушувањето и објавата на снимките се во средиштето на политичката криза во Македонија која трае веќе две години, а до чија разврска тешко се доаѓа. Токму затоа со пржинските договори беа формирани две тела кои требаше да работат на темата: снимени разговори. Првото беше Анкетната комисија во Собранието, чија работа заврши неславно поради тоа што Петре Шилегов, токму од редовите на СДСМ, а претседател на ова тело, престана да закажува седници. Второто тело е специјалното јавно обвинителство чија надлежност се единствено кривичните дела што произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите. Тоа првично значи да се утврди кој кого прислушувал и зошто. Дали молкот на Јанева да открие колку од снимките се однесуваат на Груевски и неговите, а колку на Заев и неговите, всушност не значи дека таа одбегнува да открие кој прислушувал во Македонија?

Снимките првично ги поседуваше токму Заев. Тој на првите објави тврдеше дека има докази оти повеќе од 20.000 граѓани во земјава биле незаконски прислушувани од власта. Откри дека најприслушувано лице бил токму тој, а потоа неговите функционери во СДСМ и целата опозиција. Меѓу прислушуваните, велеше Заев, често се и новинари и бизнисмени. Единствено, велеше лидерот на СДСМ, немало снимки од Груевски, кој тогаш беше премиер, и од Мијалков, кој тогаш беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тоа, според него, беше крунскиот доказ дека токму тие двајца го договориле прислушувањето.

Заев од себе пушти два-три бенигни разговори, од кои еден со сопствената ќерка, од неговата заменичка Радмила Шекеринска одвај два, од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, ниеден, а на снимките не ги слушнавме ни потпретседателите Александар Kирацовски и Фросина Ременска.

Во јавноста излегоа шпекулации дека најприслушуван бил новинарот Драган Павловиќ – Латас. Сепак, тој не доби папка од Заев со сетот снимки за него. Латас дел од снимките со него ги слушна дури сега, по повеќе од година и пол и тоа незаконски објавени на „Јутјуб”, а за чија правна разрешница с’ уште се чека од обвинителствата. Наспроти тоа, папки со снимки и транскрипти од разговори добија десетина новинари од опозициските медиуми.

„Курир“: Јанева на чело на фрегата од „титаници“ за да му помогне на Заев да не излезе на избори

„Непристрасноста“ на СЈО- сите отворени случаи се поврзани со лица од ВМРО-ДПМНЕ

И додека Специјалното јавно обвинителство вели дека работи и ќе работело непристрасно и професионално, фактите говорат дека сите случаи кои досега ги отвори Катица Јанева со поврзани со лица од ВМРО-ДПМНЕ. На ова пред неколку дена предупреди и претседателот Ѓорге Иванов, кој во интервју за ФАЦ рече дека СЈО работи селективно само против ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство. СЈО истражува селективно само против владејачката партија, рече Иванов.

Прес-конференциите на СЈО личат на политички настапи, со огромна доза на театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за Телеграф.мк.

Еве, нема да се занимавам со инсинуации и со аферите што го следат работењето на СЈО, ќе се задржам на неспорните факти. Најпрвин, најголемиот дел од тие обвинители со висок степен на омраза говорат и се однесуваат кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нивните прес-конференции личат на политички настапи, со огромна доза на театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот. Нивните активности се апсолутно селективни и се насочени единствено кон една политичка партија, кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека сите се сведоци на тоа како претседателот на СДСМ јавно во медиумите во неколку наврати ги најавуваше следните нивни чекори и активности, и потоа СЈО буквално постапуваше согласно тие најави.

Сите го видовме ова преку медиумите. Тоа зборува и за нивна тесна поврзаност, координираност и давање инструкции од една политичка партија, а тоа е СДСМ. Како да верува некој во тие луѓе, за кои сите мислевме дека ќе се непристрасни и неутрални. Од она што го дознавам од раководни лица во институциите, освен што се однесуваат крајно арогантно, тие континуирано се служат со закани, и кон раководните луѓе во институциите и кон потенцијалните сведоци, вели Груевски.

republika-5

 

Говорат за граѓанско општество, а корумпираат со буџет од 6 милиони евра

За уривањето на Македонија, СОРОС потрошил фантастични 6.000.000 евра наменети за плати и хонорари за главните плукачи и бојосувачи на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет. СОРОС со години ја финансира војската на СДСМ која треба да го спроведе планот никој во оваа земја да не се идентификува со Македонија

На платниот список на Фондацијата отворено општество – Македонија, се наоѓаат невладини организации кои добиле 4,5 милиони евра, додека Сорос во Македонија само за свои плати троши околу 1,5 милиони евра за две години. Фондацијата „Сорос“ дневно само на своите вработени, без дополнителните организации кои ги финансира, за плата има 2.000 евра.

Така, со 6 милиони евра, Сорос од организациите кои ѝ се на платниот список создаде војска за тероризирање на државата. На платниот список се имињата на главните хушкачи, кои се претставуваат како „носачи на слободарската идеја против режимот“, меѓу кои има професори, судии, новинари, наводни граѓански активисти, политичари, но и млади луѓе кои со години се подложени на потполно „перење на мозокот“.