„Курир“: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали – Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП?

Нарушување на работната атмосфера, притисоци и обиди за скандали – Фросина Ременски го започна вториот мандат како технички назначен министер за труд и социјална политика исто така како што се однесуваше за цело време во текот на својот прв мандат на позицијата, пишува „Курир“.

Дека во целата ситуација има и елементи на лична фрустрација говори и фактот што по нејзина директна наредба на сите вработени во Министерството за труд и социјала им стасала наредба да останат на работните места без разлика на тоа што дошол крајот на работното време, бидејќи „во секој момент во министерството ќе пристигнела новата технички назначена министерка Ременски“.

reme

Едно е јасно од прв момент – старите навики умираат тешко. Па, јасно е дека начинот на функционирање на Труд и Социјала нема да се разликува премногу од минатиот пат. Откако опозиционите медиуми наголемо започнаа да се занимаваат со една апсурдна тема – дали министерот Диме Спасов и ги сокрил далечинските управувачи од клима-уредите на Ременски – стана јасно уште веднаш дека Фросина Ременски ниту научила нешто од првиот пат, ниту има намера да се бави со работата како министер за труд и социјала, туку само со обиди за скандали и собирање ситни политички поени.

„Самата тема „ми ги нема далечинските од климите“ е врв на апсурдот од неколку причини – универзалните далечински чинат 100 денари, а помислата дека преку ваква смешна тема еден министер ќе глуми жртва е очајна“, коментираат по социјалните мрежи.

Според извори на „Курир“ од Министерството, техничката министерка воопшто не го повикала заменик министерот Спасов на примопредавање и не сакала средба со него, што е традиција кога еден министер доаѓа на функција, а друг заминува. Исто така не бил направен ниту записник за преземање на кабинетот на министерот и останатите канцеларии, па се поставува и прашањето дали апсурдните далечински за клима-уредите се смислен атак врз Спасов од кој чудните стратези од СДСМ помислиле дека ќе извлечат некаков политички бенефит?

Што и да е – е очајно лошо изведено од страна на Ременски и нејзиниот тим, коментираат нашите извори. Тие во контекст на ова додаваат и дека Јована Тренчевска и неколку соработници на техничката министерка во мај година додека користеле боледување јавно се жалеле дека биле деградинирани од министерот Спасов. Со доаѓањето на Ташевска-Ременски за технички министер Тренчевска и соработниците мистериозно ги прекинале боледувањата поради депресија и анкциозност и годишните одмори и веднаш започнале со притисоци врз вработените.

Со самото стапување на функцијата вработените се жалат дека техничката министерка и нејзините соработници повторно имаат план да ја преземаат улогата на жртви и да се бават повеќе со дезинформации и измислување скандали, отколку со организирање на работата во министерството. За ова доволен показател се првите 7 месеци на Ременски во МТСП кои изобилуваа со партиски вработувања и нула резултати од нејзина страна. Работници беа испуштани од работа, семејства не можеа да добијат социјални станови бидејќи наидуваа на сопки од тимот на Ременски. Дали тоа им е планот и за овој втор мандат во МТСП, останува да видиме. Според почетокот, веројатно Ременски и нејзините луѓе можат и полошо.

Нашите извори сакаа да останаат анонимни искажувајќи отворено страв за работната атмосфера и сигурноста на нивното работно место, имајќи ги предвид „фрустрациите и навиките на Ременски“, како што велат самите тие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.