Македонија изминативе денови е на нозе, но поделена и по бројност и по став и по начин на изразување на своите барања. На едната страна имаме масовни мирни граѓански собири, а на другата страна имаме платеници за насилни протести. На едната страна се веат македонски знамиња, а на другата се вее тупаницата, симболот на Канвас, пишува „Курир“.
На едната страна се упатуваат пораки за крај на кризата и избори на 5 јуни, а на другата се порачува дека нема да има мир.
Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ) веќе две недели, мирно на масовни граѓански собири, во Скопје но и низ повеќето градови во Македонија со македонски песни, знамиња и пораки за мир и ставање на крај на кризата порачува дека Македонија е се што имаме.
„За Македонија се работи„ „Македонија не ја оставаме да ја распарчи Заев-избори на 5 јуни“ „Сценариото за виткање на кичма на Заев нема да помине“ „Неизбежни се избори“ „Доста Заев го множеше народот со нула“ се само дел од пораките кои граѓаните на собирите на ГДОМ ширум земјава ги испраќаат. Како што велат бараат изборите да се одржат на 5 јуни, како што е и договорено, бидејќи во тоа гледаат излез од кризата во која се наоѓа Македонија и нејзино продолжување напред.
Од другата страна ги имаме поддржувачите на СДСМ, соработници на Сорос, хулигани кои се тренирани да прават насилство, нереди, да кршат институции, да палат и уништуваат културно наследство на Македонија.
И додека илјадниците граѓани на собирите на ГДОМ пред седиштето на СДСМ на полицијата и делеа цвеќиња, на другата страна поддржувачите на СДСМ потпомогнати од Сорос удрија по полицијата, не само со погрдни зборови „Да ви се случи Куманово“ туку и со камења, при што неколкумина полицајци беа повредени.
Повредена и навредена беше македонската историја, борба за слобода, која беше претставена на Порта Македонија, за изминатиов период да биде сквернавена од хулиганите од насилните протести.
На 21 април на најмасовниот граѓански собир на ГДОМ, огромно македонски знаме беше поставено на Порта Македонија, која претходно беше вандализирани од хулираните од насилните протести на СДСМ.
На едната страна имаме граѓани кои стојат за достоинството на Македонија, народот, културата, а на другата ги имаме оние сето тоа го сквернават и уништуваат.