„Курир“: Геро кога ќе се извиниш за искажаните лаги и прозивања на нашиот портал околу криминално- полициската местенка на СДСМ?

Излезе на виделина целата вистина околу случајот кој медиумите блиски до СДСМ предводени од главниот опозициски стратег Бранко Героски и самата СДСМ целосно го политизираа со цел да ја манипулираат јавноста и да исценираат и конструираат афера, пипува  Курир.

Од порталот јавно го прашуваат Героски дали ќе се извини за искажаните лаги и прозивања на КУРИР за конкретниот случај, бидејќи од снимката јасно се гледа дека развојот на настаните и целата вистина КУРИР ја објави уште во саботата навечер, односно дека Спасов е жртва на напад од страна на вооружени криминалци.

Вистината е сосема различна од она што беше пренесувано на соросовите медиуми во текот на изминатите денови, а се поврзуваше со заменк министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Видео снимките покажаа дека Героски и останатите соросови платеници безочно ја лажеа јавноста, која НИВ им се смее за таквите очајни постапки.

Oд видеото излезе на виделина криминално- полициската местенка на СДСМ, партијата која користи криминалци за свои политички цели. Било каде при напад врз министер, напаѓачот се соочува со сериозна кривична одговорност и никаде никој не го брани напаѓачот, освен во Македонија, каде тоа го прават слугите на Соросовата фондација за потребите на СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=m7MRkQYA1oA

На снимките кои ги објави телевизија Сител се гледа дека нема никаков судир, односно никаде нема ништо од аферата која СДСМ со помош на соросовите медиуми сакаше да ја конструира, туку јасно се гледа дека врз Спасов била извршена потера и при тоа било користено огнено оружје како заплашување.

КУРИР уште во саботата објави дека осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имаат дебели полициски досиеа го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Спасов.  Возилото во кој бил Спасов било следено од возило Пасат управувано од Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Даут е и осуден насилник  тоа токму поради тепачка користејќи и оружје.

kurir

-Тие го пресретнале возилото во кој се превезувал Спасов и сакале насилно да го застанат Веднаш до него во возилото пасат бил Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешкикражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал  и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Целокупната оваа група е до скопска Серава, објави КУРИР.

КУРИР уште во саботата пишуваше дека оваа позната скопска криминална група важи за блиска до СДСМ и дека она што фрла сериозен сомнеж  за политичка злоупотреба е тоа што се работи за смислено сценарио и тоа што има цела низа на пропусти во постапката од страна на МВР.

– Веднаш по запирањето на возилото во кое се превезувал Спасов за нецели 2 минути дошла поголема група на алфи истата онаа група која Спасовски ја ангажираше пред извесен период.  Дополнително во текот на бркотницата на два пати откако возилата подзастанеле на скопската раскрсница,  познатите криминалци со тупаници удирале по возилото во кое се превезувал Спасов заканувајќи се дека ќе го убијат, објави КУРИР ден по случувањата, факти кои можат да се потврдат и од снимката објавена денеска.

Откако уште тогаш беше разоткриена криминално-полициската местенка на СДСМ, веднаш се јави главниот медиумски стратег на опозицијата Бранко Героски, кој во текст објавен во „Слободен печат“ излезе со наслов “ „Куририте“ го одбранија Диме Спасов, цел народ им се смее“, каде што со потсмев беа цитирани делови од текстот објавен на КУРИР, а кои сега се покажаа како целосно точни.  Снимката јасно покажува кој е тој што лаже и на кого треба да се верува, дали на Героски, или пак КУРИР.

plusinfo

-И за да биде сценариото подраматично, како што наведува авторот на текстот на Курир, оваа позната скопска криминална група важела за блиска до СДСМ. Врв на приказната е како познатите криминалци со тупаници удирале по возилото во кое се превезувал Спасов заканувајќи се дека ќе го убијат. Брзајќи да состави сценарио во кое Спасов ќе испадне жртва, авторот на текстот заборава да одговори на клучното прашање – како Спасов, всушност, успеал да им избега на толку опасните криминалци, а ја оставил својата сопатничка сама да се справува со ситуацијата, пишуваше Героски во „Слободен печат“, или поточно, ја манипулираше и лажеше јавноста.

Токму поради ова, јавно го прашуваме Героски кога ќе се извини на КУРИР за лагите околу криминално-полициската местенка на СДСМ и соросовите платеници, на кои како бумеранг им се вратија измислиците околу целиот случај со објавувањето на снимките на кои се гледа целата вистина.

Јавноста веќе од поодамна не верува во ваквите местенки на СДСМ и опозициските медиуми и токму поради тоа опозицијата е таму каде што е веќе цела деценија. Ова е случај каде на дело може да се види целокупната злоупотреба и искривување на фактите кои се далеку од објективната вистина и како од еден случај се прави театар од кој се гледа да се добие политички бенефит, но наместо тоа, СДСМ и соросовите медиуми добија уште еден нокаут.