КУРИР го допре Милчин во сржта со едноставно прашање- Каде бил на одмор?

Финансискиот “гуру“ на СДСМ, Владимир Милчин, откако дрско одговори на едноставно прашање на Курир, одлучи да ни се обрати и на социјалните мрежи.

КУРИР, во текот на изминативе денови објави повеќе текстови за тоа каде летуваат лица од јавниот живот, а текстот за летниот одмор на Милчин, беше објавен вчера. Наједноставно го прашавме- „Каде бил на летен одмор и колку го чинело тоа“.

Тој, по неодговорени повици, ни одговори преку СМС порака, на дрзок начин, но не негираше дека сепак летувал во Грција.

-„А од каде тоа вие прибирате информации од приватен карактер? И со кое право? Полиција ли сте ? Па уште згора и колку пари ме чинело тоа? Ме прашувате за мои пари? Море, сиктер“.

Со милионски суми буџет, Милчин може да си дозволи луксузен одмор

Со оглед на фактот што Милчин раководи со фондација чиј што годишен буџет изнесува над 5 милиони евра за медиуми и невладини кои оркестирано по секоја цена и крајно непрофесионално треба да ја напаѓаат власта, а дополнето со сознанието дека истиот поседува пријатели од медиумскиот, а и од политичкиот свет кој што дебело ги финансира, а кој веќе јавно се изјаснија дека својот одмор го поминале на грчкиот песок, ние сме убедени дека Милчин може да си дозволи многу повеќе од одмор на Санторини, Крф, Родос или пак во тој како што самиот вели куќата на Заев во Грција.

Целта на КУРИР не е да вршиме истрага, туку едноставно да ја информираме јавноста за одморот на финанскиот “гуру“ на опозицијата и воедно јавна личност, Владимир Милчин.

Со оглед на раздразливоста дополнето со недоличниот вокабулар на Милчин по однос на ова прашање, повеќе од јасно е дека сме допреле до сржта.

Каде летуваат „Борците за слобода и демократија“ ?

Јавноста има право да знае како „борците за демократија и слобода“, како што самите се нарекуваат го поминуваат одморот и своето слободно време под тешкиот режим и недемократија.

Веројатно се плашат да се обелодени дека одморот и воопшто животот на борците за слобода како ште се нарекуваат, е многу поинаков, побогат и полуксузен од оној на било кој просечен граѓанин за кого одморот се состои во посета на Охрид, Дојран и Преспа, поминат викенд во некоја од соседните земји,посета на некое село или излетничко место.

Доколку одморот во Грција е ситен залак, тогаш треба да каже дали својот одмор го поминал на некоја друга локација, на пример Шпанија, Португалија, Флорида или пак поегзотично место како Куба, некои острови или нешто слично на тоа.

Со оглед на парите за кои Милчин одлучува, искрено веруваме дека тоа нема да му претставува потешкотија.