„Курир“: Граѓаните покажаа дека одбраната на земјата е поважна од агендата на СДСМ и СОРОС

Во сите градови каде што вчера Граѓанскотo движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) организираше протести имаше два или три пати повеќе граѓани од протестите организирани од СДСМ и СОРОС. Македонците кои го поддржаа ГДОМ се залагаат за одбрана на земјата од црните сценарија и бараат избори, пишува „Курир“.

Граѓаните на Македонија масовно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија. Во три града кои како „фронт“ сакаше да ги отвори СДСМ со своите соросови платеници, одговорот на граѓаните кои се за избори и крај на кризата беше жесток. Во Велес 3:1, во Битола 4:1, а во Штип дури 10:1 е соодносот на граѓаните во корист на оние на кои им е доста од обидите за дестабилизацијата на Македонија спроведена преку СДСМ и Сорос со помош на насилниците. Во Скопје СДСМ правеше протест на кој можеа да се забележат поголем број на Албанци, тие беа дел од партијата БЕСА која е партнер на СДСМ и која отворено побара редефинирање на државата, пишува порталот.

Граѓаните кои дадоа масовната поддршка за избори на 5-ти јуни како единствен пат за решавање на политичката криза, и истовремено упатија порака и до СДСМ и до нивните соросови платеници дека арената за решавање на кризата е на изборите, а не држењето на народот и земјата во заложништво затоа што СДСМ се плаши од избори.

protesti-3

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, денеска порача  “нема да Ви дозволиме во оваа земја насилно да преземете ништо, ниту државата, а уште помалку нашите домови“.

За СДСМ не постои ништо свето ниту пак вашата партија има почит кон некоја вредност. Тоа го докажавте  повеќепати со вашиот однос кон сопствената земја, а  го покажавте и вчера со напад на нешто што треба да е света институција за секој совесен човек – ДОМОТ.  Не само што не ги почитувате институциите на сопствената држава туку отидовте чекор потаму, без грам совест и воспитување па дивеевте пред домот на  Градоначалникот на Битола, колективна станбена зграда, исто така дом на многу наши сограѓани. Нема да Ви дозволиме вашето безумие и гола желба за власт да ни го нарушат секојдневниот живот, животот со најблиските во нашите домови, куќи, рече Борче Димитровски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.

Тој им порача  нивните неартикулирани викотници и насилно однесување да ги сочуваат за внатре во нивните простории, во нивната партија.

А пред народот на Македонија, ве замолувам,  да го покажете вашето цивилизирано лице, доколку сеуште имате такво, за колку толку да Ве доживеат како граѓани на оваа земја. И на крај, многу прецизно, Ви порачуваме: Не се плашиме од насилство и насилници, но истовремено на насилството нема да вратиме со насилство, не заради вас туку заради граѓаните на Битола, заради граѓаните на Македонија, рече Димитровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.