понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Груевски трн во око на великобугарските националисти

Големобугарските националисти со „аргументите“ на опозицискиот лидер Зоран Заев удрија по Македонија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Користејќи го истиот речник како СДСМ и Заев, Груевски и актуелната македонска влада се трн во око на овие великобугарски националисти, пишува „Курир“.

fro

Последни вести

Големобугарските националисти со „аргументите“ на опозицискиот лидер Зоран Заев удрија по Македонија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Користејќи го истиот речник како СДСМ и Заев, Груевски и актуелната македонска влада се трн во око на овие великобугарски националисти, пишува „Курир“.

Малкуте поддржувачи на великобугарската идеја удрија по претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кого  го гледаат како заштитник на македонштината.  Како и секоја година овие големобугарски нaционалисти се активираат пред одбележувањето на Илинденското востаните.

Порталот ги пренесува пишувањата во бугарските медиуми според кои оваа година прославата ќе поминела во услови на „длабока политичка криза во Македонија и целосна нејзина меѓународна изолација“.  Во својата реторика, при изливот на гнев и омраза кон Македонија и Груевски, овие приврзаници на великобугарските идеи и негатори на македонскиот идентитет го користат истиот вокабулар како Зоран Заев и СДСМ.

Бугарскиот културен клуб- Скопје (БККС) постојано и недвосмислено  алармира за тоталитарните практики на политичкиот режим во земјата. Никола Груевски и неговиот семеен клан нарекуван Влада на Р. Македонија ја носат одговорноста и вината за затворањето и целосното партиско контролирање на медиумите, се закануваат на граѓанските активисти, монтират судски процеси против политичките противници, дискриминираат на етничка основа, го узурпираат судството, провоцираат на недобрососедски односи преку бесмислена антиквизација и симулираат спроведување на реформи. Незадоволството од политиката на актуелната влада на Р. Македонија “БККС” го изрази и со излегувањето и поддршката на минатогодишниот антивладиниот протест во Скопје, пишуваат бугарските медиуми.

Тие дури и додаваат дека она што претставувало „најголема манипулација“, било „злоупотребата и узурпирањето на историското име на ВМРО и продолжувањето на праксата од времето на Титова Југославија на грубо фалсификување и негирање на бугарската етничка припадност на основачите на познатата организација“.

Крајно време е да се разбере дека нема никаква врска меѓу историското “ВМРО” и “ВМРО-ДПМНЕ”. Затоа мотото на овогодинешната прослава во Смилево ќе биде “Да го вратиме ВМРО”!  “ВМРО” е синоним за правда, слободољубие, толеранција, а не на криминал и дикататура. Историската “ВМРО” е организација, со која треба да се гордеат сите граѓани на Р. Македонија, а не да развиваат негативни чувства и непријателство кон неа поради недемократскотп и криминално управување на “ВМРО-ДПМНЕ”, велат во стилот на Заев бугарските националисти и додават дека немало посимболично место од Смилево за да ја започнеле „фер борбата за слободна и демократска Македонија, земја која треба да ја чувствуваат сите подеднакво за своја татковина, сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка припадност“.

Големобугарските националисти потенцираат дека повторно пред македонското општество ќе ги претставеле  своите гледишта за политичката ситуација во Македонија и ќе понуделе решенија за побрз излез од политичката криза. Ваквите ставови на поддржувачите на великобугарската идеја кои важат за негатори на македонскиот идентитет, целосно кореспондираат со ставовите на опозицијата предводена од Зоран Заев и не е првпат соседите на Македонија да излегуваат со исти напади како СДСМ и Заев.

Најчитани вести