вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 45

„Курир“: Истите левичари и НВО и во Грција ги создаваат проблемите со мигрантите

Дел од опозициските медиуми денеска објавија отворено писмо потпишано од низа соросови организации во земјава кои бараат да се отстрани бодликавата ограда од јужната граница и мигрантите од Грција непречено да можат да влегуваат во земјава.

begalci-ograda-granica

Поврзани вести

Дел од опозициските медиуми денеска објавија отворено писмо потпишано од низа соросови организации во земјава кои бараат да се отстрани бодликавата ограда од јужната граница и мигрантите од Грција непречено да можат да влегуваат во земјава. На иста линија со нив се и грчки левичарски волонтерски организации, кои според зборовите на поранешниот шеф на грчката дипломатија Теодорос Пангалос, можно е да стојат зад пропуштањето на бегалците од грчка страна пред неколку дена, пишува „Курир“.

boldikava

Во писмото тие потенцираат дека јавно го креваат својот глас и велат НЕ! на оградата од бодликава жица. Тие бараат да се прекинело со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречувале луѓето заглавени на границите да барале азил по безбеден пат. Меѓу другите потписници на ова барање се истакнати организации кои се под капа на соросовата фондација во земјава како Левичарското движење „Солидарност“,-„Плоштад Слобода“ – Скопје, „ХЕРА“, младинската организација „Мугра”, Здружението студентска организација ИЗЛЕЗ и низа други.

Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши!, се вели во писмото.

И додека левичарските здруженија помогнати од соросовата фондација во земјава бараат да се тргне бодликавата ограда за бегалците, од Грција доаѓаат информации дека токму исти вакви здруженија и наводни волонтерски организации можеби стојат зад пропустот на бегалците на македонска територија од пред неколку дена, кога голем број на мигранти илегално влегоа во Македонија поттикнати токму од ваквите здруженија.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија Теодорос Пангалос во интервју за То Вима вели дека во Грција се зборува дека Грци го направиле повикот за илјадниците мигранти што влегле во Македонија, споменувајќи го наводните левичарски организации кои според него ја искористуваат ситуацијата со бегалците.

pangalos (1)

Пангалос вели дека ониe кои што наместо да помагаат одмагаат се еднакво на убијци, а меѓу нив ги споменува не само наводните волонтерски левичарски организации, туку и владата и министрите на Ципрас. Додека пак за организаторите на нелегалниот премин во Македонија, треба да има казни. Ако се странци, треба да се избркаат од Грција, а ако се Грци тогаш имаат сериозна кривична одговорност.

За илјадниците што влегоа (во Скопје) треба да видиме кои се оние што ги однесоа, слушам денеска, на интернет се зборува дека се Грци оние што го направија повикот. Но, чекај да видиме, затоа што е многу интересно тоа. Ако се странци, треба Грција да ги избрка од нејзина територија сите странци што водат политика на нашата територија, да ги прибере, да ги стави во авиони и да ги врати од таму од каде што дошле. Во Данска, во Франција, како и да е, од таму од каде што дошле овие луѓе.  Но ако се Грци, тогаш имаат сериозна кривична одговорност. Овие филантропи, луѓе, ако не можат да одговорат на барањата за грижа, тогаш на крајот стануваат убијци. И се убијци. Владата на Ципрас, нејзините министри, нејзините функционери и овие левичари, наводни волонтерски организации кои земаат од каде стигнат, тие се убијци. Ја искористуваат ситуацијата и овие луѓе ги доведоа со безизлезна ситуација, тие немаат каде да одат, тие навистина се жртви. Тоа никој не го оспорува, но се жртви на една одредена политика, вели Пангалос.

Тој додава дека на Идомени (бегалците) се изложени на ризик и бара Идомени да се евакуира насилно.

Постојат членови на кривичниот законик за изложеноста на ризик на луѓето, владата сноси сериозна одговорност за ова што го прави, за нејзината рамнодушност, за недостигот на мерки. Зошто не оди војската и насилно да ги собере и да ги однесе во камповите? Таму каде што постојат услови да живеат нормално овие дечиња,таму има облека, има тушеви. Топла храна и кревети… Да се евакуира Идомени насилно, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција Теодорос Пангалос.

Најчитани вести