ТОП,Македонија

„Курир“: Јанева се осветува на оние кои го открија Верушевски и неговиот план за крв по улици

„Курир“: Јанева се осветува на оние кои го открија Верушевски и неговиот план за крв по улици
„Курир“: Јанева се осветува на оние кои го открија Верушевски и неговиот план за крв по улици
Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева очигледно има за цел да го спасат првоосомничениот во „Пуч“ Зоран Верушевски и неговите соработници кои предвидуваа дека ќе има крв на улиците, а за сметка на тоа, кривично ќе бидат гонети оние кои професионално работеа за државата и го открија ваквиот криминал, пишува „Курир“.

Верушевски е на слобода, а луѓето кои го открија неговиот криминал се кривично гонети, а еден е и во притвор.

Откако ја доби функцијата, Јанева веднаш ја исполни својата цел и нејзиното прво сработено нешто е барањето Верушевски да излезе на слобода. Секако, притворот на човекот кој се тoвари за тешки дела беше укинат, па соработникот на Зоран Заев е сега на слобода. Укинат беше и притворот на Ѓорги Лазаревски.

Откако Верушевски излезе од притвор, неговата сопруга за ова јавно му се заблагодари на лидерот на СДСМ.

verus-sonja

Дека СДСМ го најавува она што СЈО го одработува веќе е јасно за сите. Така, Зоран Заев на средба со граѓани во Капиштец најави дека СЈО ќе почне акција и ќе испорача наредби за истраги.  Како што тој диригираше, така Јанева реагираше. Со експресна брзина таа ја најави првата акција.

Заев најави и притвори, а тоа и се случи.

sdsm-sjo

Последниот случај на СЈО е конструиран и целосно неоснован. Токму соработниците на Верушевски од УБК, поточно осудениот за „Пуч“ Звонко Костовски, уште во 2013-та година дал мислење дека опремата е неупотреблива и некомпитабилна со новата технологија на мобилните оператори. Уште истата година согласно книговодствената евиденција, таа има вредност од 1 денар. Во 2014-та година таа опрема е целосно вон функција и сместена во магацин по вадење од системот.

Минатата година, пак, формирана е комисија за да процени дали опремата е функционална и употреблива. Донесена е одлука дека опремата ниту се употребува, ниту ќе се употреби.пишува „Курир“.