„Курир“: Кабинетот на Ременски ровари со службени возила за партиски цели

Кабинетски службеници и најблиски соработници на Фросина Ременски повторно и за цело време ги користат службените возила на Министерството за труд и социјална политика во партиската агенда на СДСМ.

Вчеравечер службеното возило Ц3 со регистарски број SK 2275 AL е забележено во неготинското село Криволак и во градот, а било управувано од Наташа Методијева и Александар Вуиќ од кабинетот на техничката министерка, пишува Курир.

Двајцата кабинетски службеници вршеле агитација од врата на врата во селото и се вршеле проверки на граѓани и корисници на права од социјална заштита.

„Курир“ објави  фотографии од кои јасно се гледа дека и техничката министерка користи службено возило за присуство на партиски митинзи на СДСМ, во овој случај на митингот во Куманово. Со тоа јасно се докажува злоупотребата на државни ресурси во партиски цели.

remenski-avtomobil

remenski-avtomobil1

На 20 ноември минатиот месец беше објавено фото и видео материјали како Методијева користи службено возило на министерството во приватни и партиски цели, а со кое е задолжена со решение уште на почетокот на октомври. Злоупотребите во ова министерство не престануваат иако јавноста очекува одговори и бара одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.