„Курир“: Kонструкција, деструкција и манипулација се трите столба на дејствување на СДСМ- Јанева ја одработува валканата кампања на Заев

Наместо конкретни идеи и проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните, најголемата опозициска партија целото време го троши на конструции, деструкција и провидни манипулации, а во јавноста веќе е познато дека главниот адут на СДСМ е Катица Јанева, која ја одработува валканата кампања на опозицискиот лидер Зоран Заев, пишува „Курир“.

Порталот пишува оти од една страна адутот на СДСМ е Катица Јанева, која има добиено насока преку измислени и неаргументирани барања за истраги по секоја цена да отвора случаи и тормози и јавно да етикетира луѓе со разно разни лаги и политички квалификации.

Од друга страна, кадрите на СДСМ кои управуваат со институциите до сега не понудија ниту еден проект. Нивно дело се бркање на 40 луѓе од работа од страна на техничката министерка Фросина Ременски која на дело ја спроведува стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер, пишува „Курир“.

„Космос“ е кристално чист- СЈО ќе го искористи во политичката борба во полза на Заев

Се очекува дека следен случај кој ќе го отвори Јанева е „Космос“, каде иако се’ е кристално чисто ќе се искористи во политичката борба во полза на Заев. За овој случај деновиве коментираше и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вели дека „Космос“ е класична дивоградба, а тоа било потврдени и од Управниот суд и од самиот инвеститор.

mile-tv-nova

„Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески во интервју за ТВ НОВА.

Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски истанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.

Конструкциите и подметнувањата на СДСМ се распукуваат како балон од сапуница

Вториот сегмент…