петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Курир: Катица Јанева не пријавила никакви закани кон Коста Крпач

Во конфузното и контрадикорно соопштение кое СЈО го испрати до медиумите по смртта на Крпач, меѓу другото се велеше дека ова јавно обвинителство поседувало докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓал Коста Крпач.

katica

Поврзани вести

Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева до Министерството за внатрешни работи не пријавило никакви закани кон сега починатиот Коста Крпач, кој во средата беше пронајден мртов во својот стан во скопски Капиштец.

Во конфузното и контрадикорно соопштение кое СЈО го испрати до медиумите по смртта на Крпач, меѓу другото се велеше дека ова јавно обвинителство поседувало докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓал Коста Крпач.

-Но, со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, тие нема да ѝ бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба, ние сме отворени за соработка со органите на прогонот што ја испитуваат смртта на сега покојниот, стоеше во соопштението од СЈО.

КУРИР се обиде да добие одговор од МВР дали специјалното јавно обвинителство, кое тврди дека поседува докази за притисокот под кој се наоѓал сега починатиот, поднеле некаква пријава за закани кон ова лице, но од Министерството нема одговор. Дополнително ниту во полицискиот билтен изминатиов период не е објавено дека поднесена е пријава за закани кон Крпач. По ова се поставува прашањето дали СЈО лаже во соопштениетодека имале докази, или пак нешто прикриваат?

Токму поради ова, чудни и сомнителни се информациите од соопштението на Јанева во кои велат дека имале докази за притисоци. Ниту техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, ниту Јанева не кажаа кога се пријавени овие притисоци, кој ги вршел и што било преземено. Затоа и овој дел од соопштението наликува на уште една лага поголема од претходната.

Суштинските прашања на кои што за жал се уште нема одговор се зошто СЈО наредиле претрес во домот на Коста Крпач? Дали тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите? Што нашле за време на претресот? Зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на претседателот Ѓорге Иванов?

-Какво ли потценување кон сопствениот народ имаат Заев и СЈО кога може со мирна душа да испраќаат соопштенија во кои самите велат дека некој доброволно им се понудил за соработка и одлично соработувал со нив, а од друга страна му вршеле претреси по дома пред неговата сопруга и дете. Кога со оружје упаѓаш во сред ноќ и вознемируваш нечие семејство, кога се закануваш, а тврдиш дека тој бил одличен соработник, се поставува прашањето како се однесуваш кон некој кој не е доброволен сведок или не соработува според очекувањата. Надлежниот Јавен обвинител ќе мора да ги расчисти овие дилеми и секој што си терал сопствена, нарачана правда надвор од законот, да одговора. Јавноста чека одговор, зошто по налог на Катица Јанева во ноќно време биле испраќани АЛФИ да упаѓаат кај Крпач? Зошто доколку имале сознанија дека наводно постоеле притисоци врз Крпач, тоа го криеле, а правеа десетици театрални прес конференции? Дали тоа е навремено пријавено било каде? Одговорот овој пат не се очекува од СЈО. Јавноста виде дека СЈО лаже и манипулира. Овој пат одговорот се очекува од надлежниот Јавен обвинител кој треба да ги утврди околностите за смртта на Коста Крпач. Се зборува дека кога побарал стручна помош , Крпач кажал се што го мачи. Овој пат тие белешки не смеат да исчезнат или да бидат сменети, кој и да е чадорот. Колкава и да е неговата моќ, таа не е поголема и повредна од човечкиот живот, пишува универзитетскиот професор Оливер Андонов во последната колумна.

Порталот Журнал вчера објави дека надлежниот јавен обвинител деновиве ќе ги повика одговорните од СЈО за да ги образложат своите постапки и сомнежите за притисоци врз Крпач. Надлежниот ЈО веќе прибавил исказ од неговата сопруга, како и од други лица кои биле во контакт со Крпач.

Коста Крпач не е првиот за кого се говорело дека е жртва на тортура и малтретирање од страна на СЈО. Според досега потврдените информации досега се поднесени поголем број кривични пријави за малтретирање во служба против обвинители и истражители од тимот на Катица Јанева.

Како најбрутални беа споменувани Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Дали некој од оваа тројка го водел и случајот на Коста Крпач, засега се крие во СЈО. Според пријавите кои тогаш граѓани ги поднесоа се тврдеше дека обвинителите и истражителите преку закани, па дури и со покажување на оружје се обидувале да изнудат невистинити изјави од повиканите.

Најмаркантен случај беше кога на лице, кое подоцна бесе осомничено, му било нудено да биде сведок на СЈО и за тоа му се предлагал поткуп од 100.000 колку што чинела лажната изјава. Овој кривичен предмет е веќе во суд.

Исто така, забележителен случај беше кога судија од Управен суд до судскиот совет и советот на обвинители пријави дека од обвинител од тимот на Катица Јанева бил повикан во угостителски објект каде што му биле упатувани закани.

Најчитани вести