„Курир“: Катица Јанева повторно ги спасува и го одложува судењето на Верушевски и Заев?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева повторно ги спасува Зоран Заев и првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски со одложувањето на судењето на опозицискиот лидер и поранешниот разузнавач. Специјалната јавна обвинителка сега повторно бара причина за одлагање на „Пуч“. Иако Судот и овозможи увид во документите, Јанева упорно ги бара истите иако се класифицирани, пишува „Курир“.

Барањето на Специјалното јавно обвинителство за доставување копии од докази за „Пуч“ вчера беше одбиено од страна на Основниот суд Скопје 1. Во образложението се наведува дека истите се класифицирани информации. Во соопштението се вели дека последните 2 расправи се одложени токму по барање на обвинителството заради увид во предметот.

Главната расправа за конкретниот предмет продолжува утре во 10:00 часот. Инаку, досега беа закажани 8 главни расправи, но сите беа одложени, а последните 2 беа одложени токму по барање на обвинителството заради увид во предметот, соопштија вчера од ОСС 1.

Претходно, претседателот на СДСМ не се појавуваше на судењето за „Пуч“, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева без никакво образложение одлучи да го ослободи од притвор првоосомничениот во случајот Зоран Верушевски.

verus-sonja

Сопругата на Верушевски, Соња, веднаш по барањето за ослободување на нејзиниот сопруг од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, со што практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.

Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.

Лагите на….