„Курир“: Катица Јанева повторно ги спасува и го одложува судењето на Верушевски и Заев?

Лагите на Заев околу точниот број на нелегални прислушувани разговори кои ги поседува извесен период ја разбрануваа јавноста. Истиот Заев кој првично кажа дека прислушувал 30.000 разговори, за потоа во октомври минатата година да тврди дека има 600.000 разговори, последно тврдеше дека до СЈО доставил милион и 50 илјади разговори.

Милион и 50 илјади разговори доставив до обвинителството, рече Заев при гостувањето во Дневникот на Сител  и додаде дека нема записник за предадените материјали.

Првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски молчи задоволен од развојот на настаните и подарената слобода од Катица Јанева , а само Заев призна дека има уште 400.000 нови разговори.

Јанева во спасувачка акција на Заев, Верушевски и неговиот син

Покрај тоа што Јанева ги спасува Заев и Верушевски со одложувањето на судењето за „Пуч“, специјалната јавна обвинителка е во акција за спасување на Заев и за случајот „Поткуп“. На почетокот од месец февруари, под силен притисок на лидерот на СДСМ, како што пишуваа медиумите, Јанева поднесе и барање за да го спаси првиот човек на опозицјата од случајот „Поткуп”, односно да го исчисти Заев за ова кривично дело.

Дополнително, СЈО…