„Курир“: Катица Јанева повторно ги спасува и го одложува судењето на Верушевски и Заев?

Дополнително, СЈО не кажа врз која основа го бара од обвинителството за организиран криминал случајот во кој Заев е обвинет за примање поткуп од 200.000 евра за приватизација на земјиште, кога истиот не е во нејзина надлежност оти не произлегува од прислушуваните материјали.

Исто така, како што објавија медиумите, покрај барањето на предметот „Поткуп“,  Јанева поднела и барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали и „Прикажување на порнографски материјал на дете“,за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години.

Освен овие предмети, специјалната обвинителка неосновано побара да го повлече од обвинителството и предметот кој се води против синот на Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија. Минатата година  во јануари МВР поднесе две кривични против Верушевски и синот кои беа процесуирани до Јавното Обвинителство. Основното обвинителство ги одби ваквите барања.

Јанева повторно бара причина за одлагање на „Пуч“

Специјалната јавна…