петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 42

„Курир“: Криминалецот бира криминалци – ова е друштвото на Зоран Заев (ФОТО)

Поткуп, насилство, обиди за убиство, трговија со наркотици, фалсификување на лични и патни исправи. Ова се делата со кои се опкружува Зоран Заев, и самиот осомничен за поткуп и обид за пуч, а аболициран за криминал од 8 милиони евра во случајот „Глобал“, заклучува „Курир“.

zz-drustvo

Последни вести

Ердоан Џафероски е последното во низата лица со криминални досиеја или навики кои се дел од блиското друштво и соработници на Зоран Заев, лидерот на СДСМ кој и самиот е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, пишува „Курир“.

erdoan-1640

erdoan-2640

Untitled-3

gagagaga

hhhhhh

erdoan-5640

Џафероски, кој во моментов е во бегство, не е единствениот соработник на Заев кој не само што е обвинет за убиство туку и не е достапен за органите на јавниот ред и мир.

Идентично обвинение – убиство во обид и кариера на бегалец од неодамна има и Дејан Трајковски –  Близнак од населбата Ѓорче Петров пред неколку месеци кој се обидел да го убие лицето Г.К. по една расправија во скопски ноќен клуб, бодејќи го со остар предмет директно во главата при што му ги пробил синусите и черепот.

zaev-trajkovski-bliznak1

Дејан „Близнакот“ покрај како насилник и убиец во обид е исто така многу добро познат и како голем поддржувач на СДСМ, а се до обидот за убиство после кој Трајковски е во бегство, беше чест посетител на сите собири и демонстрации организирани од СДСМ. Воедно, Трајковски и претходно и е познат на полицијатаи бил пријавуван за разни кривични дела. Тој и неговиот брат важат за блиски соработници на Оливер Спасовски и Зоран Заев, а често се појавуваат во друштво и на портпаролот Петре Шилегов.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдуваат дека лицата се уште се во бегство, а по нив се трага се со цел целосно расветлување на случаите во кои се инволвирани.

Листата на криминалци кои се блиски соработници на Зоран Заев не завршува тука. На јавноста и е многу добро познато името и делото на Захир Бекири Чауш, членот на СДСМ со кој Заев јавно се гордеел во неколку наврати на националните телевизии, а кој неодамна беше осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на лични податоци и фалсификување исправи.

zaev i caus

Чауш беше раководител на т.н. „Фабрика за афери“ на СДСМ во која според планонвите на нејзините нарачатели од СДСМ, требало да се фалсификуваат лични карти, пасоши и потврди за банкарски трансакции кои СДСМ потоа преку своите медиумски мегафони ќе ги користи за водење на измислена кампања против ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со фалсификуваните пасоши кои го презентираше Љубиша Арсиќ од Фокус. Планот на СДСМ за фалсификување негативна кампања против ВМРО-ДПМНЕ пропадна, а во затвор завршија и Чауш и неговиот брат Имер Бекири.

На листата на криминалното друштво на Зоран Заев стојат и имињата на Харун Хаџибулиќ и Мирослав Ризински. И обајцата минатата година на митингот на СДСМ на 17-ти мај пред Владата на Република Македонија се наоѓаа во првите редови до Зоран Заев.

harun hadzibulik

Хаџибулиќ, познат припадник на скопското криминално подземје, е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година.

Ризински, своевремено заменик-претседател на бугарскиот културен клуб во Скопје во 2007 година беше фатен како прима поткуп во износ од 6.000 евра, додека беше на функцијата Советник во Бирото за стопански неразвиени подрачја.

Од СДСМ не одговорија на нашите прашања за тоа како го коментираат фактот што во изминатиов период во јавноста се појавија фотографии на Зоран Заев со голем број криминалци. Нема одговор ниту на прашањето дали лидерот на СДСМ или некој друг од раководството на партијата бил во контакт со Дејан Трајковски – Близнак или Ердоан Џафероски, како ниту дали Заев контактира со семејството на Захир Бекири- Чауш, кој го примаше во канцеларија.

Поткуп, насилство, обиди за убиство, трговија со наркотици, фалсификување на лични и патни исправи. Ова се делата со кои се опкружува Зоран Заев, и самиот осомничен за поткуп и обид за пуч, а аболициран за криминал од 8 милиони евра во случајот „Глобал“, заклучува „Курир“.

Најчитани вести