„Курир“: Лагите на СДСМ со куси нозе

Економската логика на СДСМ и познавањето на економските текови е на исто ниво како и нивната политичка логика. Тоа е нивото на изјавите на нивниот лидер Зоран Заев. Изјавите и лагите кои ги изрекуваат траат додека стои пред микрофоните. После или самиот се демантира или стигнуваат деманти од сите страни, пишува „Курир“.

Истата таа логика и професионализам во информирањето може да се прочита и во порталите уредувани од Бихаќка или Соросовите филијали.

Порталот Плусинфо уредувана од опозициската новинарска перјаница Бранко Геровски, денес излезе со груба манипулација со наслов “По само 21 ден Кап-кон аутомотив технолоџис ја продава фабриката во Македонија“. Тие одат дури и побезобразно во своите манипулации и велат „Американската компанија „Кап-кон аутомотив технолоџис“ издржа само 21 ден да работи во Македонија“. Ова е класична невистина на Плусинфо.

Добро упатен извор кој го контактираше нашата редакција ни одговори дека целосно е неточно дека македонската фабрика се продава и дека Кап-кон ја продава инвестицијата во Бунарџик.

Според изворот, автомобилскиот сектор, поточно индустријата за производство на автомобилски делови е најдинамичен сектор на глобалниот финансиски пазар. Компаниите во овој сектор се најпосакувани компании од страна на инвеститорите заради профитабилноста, но и од страна на глобалните инвестициски фондови. Во изминатите две години има пораст на продажбата на автомобили глобално и тоа директно влијае во секторот за автомобилски делови. Својствено е за компаниите во овој сектор да се продаваат или да ја менуваат сопственоста еднаш во 3 години.

Компанијата Кап-Кон или АРЦ Аутомотив пројави интерес за инвестиција во Македонија пред 4 години, од тогаш компанијата има отворено уште 5 фабрики глобално но во исто време ја има сменето сопственоста трипати, последните два сопственици се инвестициски фондови Карлајл и АРЦ.

Групацијата АРЦ Аутомотив со околу десетина фабрики глобално во која влегува и фабриката во Македонија е во фаза на превземање од стана на Јинји (Најголемата Кинеска Градежна компанија со седиште во Нимбо- Кина).

Плановите на компанијата е да го прошират производството во Европа поточно во Македонија.

АРЦ Аутомотив на пазарот во делот на инфлаторите има голема предност бидејќи најголемиот конкурент за производство на слични производи отповика голем контингент на вградени делови, со тоа АРЦ стана глобален лидер во производството на инфлатори. Оттука оваа глобална компанија стана атрактивна за големите инвеститори. Компанијата во Македонија е отворена во Декември со 2 производствени линии и 108 вработени, во тек е монтажа на уште 2 линии и дополнителни вработувања.

Во текот на првата недела од Февруари тим од Мајката компанија со седиште во Кноксвил Тенеси, беа на посета во Македонија и ги презентираа идните планови за проширување на производството.

Компанијата Јинји во моментот преговара со неколку реномирани автомобилски компании во Европа за нивно целосно превземање.

Информациите дека компанијата во Македонија се затвора е Невистина! Компанијата заради поволната инвестициска клима планира дополнителни инвестиции. Во текот на Март планирана е посета на Македонија од страна на менаџерскиот тим за идните планови за проширување на производството- вели нашиот извор.

Порталот Плусинфо се обиде на груб начин со бомбастичен и неточен наслов да ја спинува промената на сопственоста на глобално ниво дека е резултат на некакви услови за водење бизнис во Македонија.

Ова е веќе втор обид на опозициските портали по ред грубо да ја лажат јавноста. Вчера бевме сведоци како новинари на порталот А1он лажно се преставува како новинари на Република со цел да ги манипулираат граѓаните на општина Пустец.