четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

„Курир“: Лежел во затвор за мито, а денес им се заканува на македонските граѓани

ako-treba-kje-se-tepame

Поврзани вести

Никола Нацев – Пишијата, пензиониран доктор од Велес кој два пати е фатен, осуден и лежел затвор за примање мито, денеска во име на СДСМ-овската платена револуција на крстосницата кај Соборниот храм во Скопје најави дека се подготвени на физичка пресметка со своите неистомисленици, пишува „Курир“.

Ова не е прв пат плановите на СДСМ да ги соопштуваат криминалци. Нивниот лидер Зоран Заев лично најави дека СДСМ подготвува украинско сценарио во Македонија, а Захир Бекири – Чауш, член на СДСМ е осуден за „Фабриката за афери“ преку која Заев и СДСМ се обидоа да измислуваат скандали во кои ќе ја вплеткаат владеачката партија. Од реалните, а не измислени скандали, токму Зоран Заев, како и Пишијата кој се заканува со тепање, е осомничен за примање мито.

nikola-nacev-potkup

Уште еден активист на СДСМ, Исмаил Малиќи Ицко денеска дивееше на скопските улици, физички пресметувајќи се со граѓани кои случајно се затекнале на местото на кое СДСМ реши да протестира со блокирање на сообраќајот.

Како што шарената платеничка револуција на СДСМ доживува фијаско, така нивниот терор започнува да се излева по улиците на Скопје. Минатата недела жртва беше граѓанин на кого налета платеничката толпа и сакаше да го линчува бидејќи времето во кое морал да го носи своето дете на доктор се поклопило со времето во кое шарените платеници дивеат низ Скопје.

Најчитани вести