недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

„Курир“: Македонија 8-ми септември 1991- Судир меѓу визијата за сопствена држава и сомнеж во капацитетот на македонскиот народ да опстои во независноста

Во тие клучни моменти за Македнија, кога граѓаните рекоа ДА за Независна Македонија, СДСМ уште калкулираше како на тоа ќе гледа Белград и Слободан Милошевиќ. Бранко Црвенковски тогашен лидер на СКМ-ПДП(СДСМ) во Собранието на Р.Македонија, неможејќи да се помири со независноста, бараше покрај македонската да се свири и химната и на СФРЈ.

kiro

Последни вести

Самостојноста  е завршен чин од македонската епопеја, која го изразува македонскиот стремеж за слободна држава, преточен преку жртвата на сите кои се бореа за слободна Македонија. Но не секогаш во нашата историја сите се водеа од стремежот за слободна Македонија, секогаш имаше мал процент кој ги ставал интересите на Белград, Атина и Софија пред интересите на Македонија и нејзините граѓани. Таквите во почетокот на 90-те имаа и своја партија која до денес опстојуваа, партијата се викаше СКМ-ПДП, наследник на СКМ (Сојузот на Комунисти на Македонија) , денес именувана под името СДСМ пишува „Курир“.

Навршуваат точно 25 години откако на 8 септември во 1991 година, македонските граѓани на референдумот за независност рекоа ДА за самостојна, независна и суверена Р.Македонија.  Според конечните и официјални резултати од тогашните запишани 1.495.626 гласачи, на референдумот излегле 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас, од нив рекордни 95,09 отсто гласале ЗА.

На референдумот му претходеше Декларација за независност која првиот повеќепартиски Македонски парламент ја усвоил на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
proslava

Но што се се случуваше во тие турбулентни моменти и како се однесуваа политичките партии во тој период е нешто кое што дел јавноста и не го знае во целост.

Во тие клучни моменти за Македнија, кога граѓаните рекоа ДА за Независна Македонија, СДСМ уште калкулираше како на тоа ќе гледа Белград и Слободан Милошевиќ. Бранко Црвенковски тогашен лидер на СКМ-ПДП(СДСМ) во Собранието на Р.Македонија, неможејќи да се помири со независноста, бараше покрај македонската да се свири и химната и на СФРЈ.

pros

„Ако е предлогот да се изведе само македонската химна,тогаш исто така ми се чини нема да бидат доведени пратениците од СКМ-ПДП, во незгодна ситуација ако гласаат против тој предлог , бидејќи не гласаат против изведувањето на македонската химна, туку против предлогот да се изведе само таа, а не и југословенската химна“. Рече Црвенковски тогаш.

Дека во СДСМ  ништо не е сменето и покрај тоа што го сменија името и лидерот, кажуваат и неколкукратните изјави на Зоран Заев, во кои тој го воспева „ликот и делот“ на Бранко Црвенковски, човекот на кој во 90-те многу подрага му беше Југославија, отколку Македонија, ликот кој ја спроведе приватизацајата и остави 200,000 работници на улица, затвори стотици фабрики кои никогаш повеќе не проработија и беше Кум на шверцот со нафта, цигари и секаков друг вид на стока.
tat

Заев во Црвенковски гледа убава историја , па за него ќе рече: „Не плука Заев во стар бунар, респект кон Претседателот Црвенковски, тој е човек кој што испиша убава историја во Македонија и донесе одлуки во времето негово како што знаеше најмудро да ги донесе“.

Убава историја, да, но за кого?  За директорите кои ги приватизираа општествените претпријатија, за Ленче Николовска и нејзината ТАТ, за останатите штедилници кои му ги исцицаа и последните „пет пари“ на македонецот. Македонците знаат и почуствувале една друга не толку убава историја, на отпуштање, беззаконие, протести за барање на своите никогаш неисплатени плати и немаштија, нешто кое никој повеќе не го посакува да се случи.

Граѓаните исто така добро се сеќаваат дека кога граѓаните на РМ прогласија и прославија независност на нашата држава на Плоштадот Македонија, лидерите на опозицијата господата Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Стојан Андов избегаа. Овие луѓе не се појавија на големата историска прослава на македонската независност . Бранко Црвенковски, Тито Петковски и Стојан Андов не најдоа причина да ја прослават независностa задно со граѓаните. Овие луѓе уште на самиот почеток покажаа непочитување, покажаа дека немаат чувство за државност и чувство на одговорност пред граѓаните.

zname

Бранко Црвенковски и Киро Глигоров како еманација  на тогашната власт на СДСМ, прво го сменија знамето, за во 1995 да го сменат и  името на државата и ни ја додао референцата ФИРОМ, нешто кое тогаш го квалификуваа како времено решенија, но до ден денес трае.

Но сепак ниту овој безобразен чин на предавство на сопствениот народ и држава не го спречува Заев по телевизиски гостување да го велича Бранко Црвенковски кој меѓу другото ќе рече: „Државотворен би го карактеризирал карактерот на Бранко Црвенковски во македонската политика“.

Македонските граѓани не заслужуваат „лидери“ како Заев и Црвенковски, Македонија уште помалку заслужува антидржавни партии како СДСМ, завршува текстот во „Курир“.

Најчитани вести