„Курир“: Медиумите под контрола на СДСМ се свртеа против Телма и Макпетрол

Медиумите контролирани од СДСМ отворено се свртеа против Макпетрол, а со тоа и кон телевизија Телма чиј сопственик е токму оваа компанија.

Имено, на низа опозициски портали денеска може да се видат разни напади врз Макпетрол и нејзиниот сопственик Андреја Јосифовски, поврзани со актуелната тема на релација Макпетрол – Балкан Петролеум.

Мактел денеска објави текст со наслов: „БОМБА НА БАЛКАН ПЕТРОЛЕУМ, ОДАТ ВО КОНТРА НАПАД: Јосифовски и партнерот го искористиле Макпетрол во офшор-компанија за да ги оштетат акционерите“, пренесува Курир.

mak

-Главното прашање е: Дали Макпетрол, Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски, ја формирале оваа компанија со еднакви основачки влогови, и дали делеле еднаков профит со акционерите на Макпетрол, или ова е сепак една класична малверзација каде парите од профитот се чисти пари на акционерите?! И за иронијата биде уште поголема, компанијата е лоцирана на адреса, која покажува дека истата е во ’комшии’ со Даволиа Холдинг (компанијата која постојано се спомнува на Телма ТВ). Ги делат две згради, и секретарот, Hive Management Services Limited, e компанија која издава канцеларии и услуги. Petroimpex (Overseas) Limited постоела 20 години, и е затворена во 2013 година, само 3 години по забраната на кипарската Влада за оф-шор компании. За оваа компанија не постои ниту еден податок во македонските државни институции, дека Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски ги регистрирале и пријавиле своите акции, според законот. Едно од највижните прашања е: Дали оваа компанија била алатка која се користела за ’испумпување’ на пари од Макпетрол?!“, велат од компанијата, пишува Мактел.

Покрај Мактел, написи против Макпетрол и Јосифовски можат да се забележат и на низа други опозициски портали, по што е јасно дека координирано се имаат свртено против Макпетрол и Јосифовски.

mak2

mak1

Со ова и повеќе од јасно е дека СДСМ, преку медиумите кои се пон нејзина контрола се врти против Телма и Макпетрол. Со овие текстови медиумите под контрола на СДСМ и Сорос конечно ја напишаа вистината за Макпетрол и Јосифовски.