вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

„Курир“: МВР трага по лицето блиско до Заев и СДСМ кое пукаше кон човек

erdoan-2640-640x480

Последни вести

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште трага по лицето кое завчера околу 19 часот во скопското село Света Петка застрела човек при расправија помеѓу две фамилии, пишува „Курир“.

Три лица се повредени од кои едно потешко во престрелка која завчера околу 19 часот се случила меѓу две семејства во скопската населба Св. Петка. Според информациите кои ги објавија дел од медиумите, Ердоан Џ. кој важи за близок до Зоран Заев Заев и СДСМ испукал неколку куршуми од огнено оружје при што го застрелал З.С (29).

Покрај тврди предмети, во тепачката било употребено и огнено оружје. З.С. се здобил со прострелна повреда на десна потколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Во Ургентниот центар-Скопје, пак, бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата (скршеница на череп) по што бил задржан на лекување. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во полицскиот билтен.

Полициските алфи веднаш пристигнале на терен, но таму не го пронашле Ердоан Џ. Од МВР за Курир денеска велат дека по едно лице се уште се трага.

Порталот „Инфомакс“ синоќа објави дека токму лицето Ердоан Џ. по кого трага полицијата е близок до Радмила Шекеринска и истиот добивал пари да ги координира и плаќа малкумината Македонци муслимани кои одлучиле да го поддржат Заев во насилството и да се обиде да врбува нови кои би се приклучиле на насилните протести организирани од СДСМ, со парите на Сорос и останати невладини.

erdoan-spasovski erdoan-5640-640x640 erdoan-4640-640x480 eroan-3640-640x480

erdoan-1640-640x480

Најчитани вести