четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 64

„Курир“: Некомпетентната Јанева преку медиумите на СДСМ/Сорос моли за да и се даде нова шанса

janeva-zaev-640x390

Последни вести

Пари или долг кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев и другите ментори? Што е причината за се позачестените крици со кои специјалната јавна обвинителка Катица Јанева моли да и се продолжи мандатот?

На чело на СЈО, Јанева е речиси цела година. Нејзиниот досегашен мандат го одбележаа голем број на скандали во работењето, политички инструирани чекори, нетранспарентност во функционирањето, правење на спектакли, работа во име на СДСМ… За сите овие месеци јавноста немаше можност да биде сведок дека Јанева си ја работи својата должност за која е платена од парите на граѓаните, никој не виде дека таа водена од Устав и закон превзема нешто, туку само се чинеше дека води политичка битка во име на опозицијата, пишува Курир.

sjo-bara

Буквално никој друг, освен платените таканаречени експерти, немаа пофален збор за професионалноста на специјалната јавна обвинителка. Единствените епитети кои им се даваа на Јанева и нејзините обвинителки беа на база на потсмев, како на пример „Чарлиевите ангели“. Коментарите на нивна сметка повеќе значеа понижување и исмејување за однесувањето, отколку пофален збор за работењето.

katica janeva sjo

Јанева заработува вртоглави суми за нешто кое НЕ го работи

Катица Јанева се уште крие, но според проценките досега нејзиното конто од буџетот се има зголемено за повеќе од 20.000 евра. Ако на ова се додаде надоместокот за кирии кои ги плаќаше иако има два стана во Скопје, службените возачи и возила, обуките во странство кои ги посетуваа нејзините соработници кои ништо не сработија, лесно ќе дојдеме до првата причина зошто Јанева преку медиумите на СДСМ/Сорос почнува да моли за продолжување на мандатот. Нејзините причини се лични и се однесуваат на можноста за богатење, а не професионални кои би се однесувале на желбата за работење.

lence-telegraf

СЈО ги призна платите од неколку илјади евра

Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека  сите плати и додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите што Законот ги предвидува. Ова го истакна портпаролката на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска,одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите дека платите и дополнителните месечни примања на обвинителите и на соработниците во СЈО се движат и околу 3.000 евра.

– Заради специфичноста на работата, сакаме да ја информираме јавноста, имајќи ја предвид пред сè обемноста на работата со која се соочуваме, јавните обвинители во ова обвинителство примаат и дополнителни надоместоци кои, исто така, се во рамки на законските прописи и секако за сето ова се поднесени уредни годишни даночни пријави,  истакна Ристоска во јули годинава.

Портпаролката на СЈО високите суми за плати ги оправдува според законски прописи и вели дека се во рамки на одобрениот финансиски план.

– Мора да укажеме дека сите примања и финансиски движења на ова ЈО се во рамки на одобрениот финансиски план од Собранието, не ги надминуваат овие рамки и детални податоци ќе имате во вториот шестмесечен извештај што ќе биде објавен во септември, каде што ќе можете да видите точно на кои ставки се потрошени финансиите,  додаде Ристоска.

katicajaneva-sjo

Непотизам на дело во СЈО

Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева почна да работи како семејна и партиска фирма и таму владее непотизмот. Во оваа институција беа вработени луѓе блиски до СДСМ и Обвинителството. КУРИР веќе пишуваше на оваа тема уште во месец април и дојде до информации дека конечниот избор за овие нововработени го правела токму Јанева.

Непотизмот по дефиниција е термин кој означува пополнување на работни места со членови на сопствените семејства и давање на предност при вработување на познати лица. Критериумите стручност и способност за одредена функција во ваквите случаи не ја играат одлучувачката улога.

Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева, доби голем број нови вработени за кои во јавноста се појавија информации дека се деца и роднини на обвинителите што работат во ова обвинителство или се блиски пријатели на Јанева и на нејзиното семејство.

Тројца нововработени, Елена Јосифоска, Владимир Миладиновски и Љупчо Чучурски, пак, се во директна роднинска врска со обвинители од СЈО. Дури шестмина од вработените се од родниот град на Јанева, Гевгелија, за дел од нив проструија информации дека се всушност блиски или пријатели на самата специјална обвинителка или членови на нејзиното потесно семејство.

Во СЈО молчеа иако им должат одговори на граѓаните од чии џебови земаат пари.Тие не ја информираат јавноста за ваквата одлука иако станува збор за огромна сума на средства кои на сметка на СЈО се одлеваат од Буџетот.

На прашањата на Дневник, од СЈО испратија апсурден одговор.

-Од СЈО ја потврдија и роднинската поврзаност на дел од нововработените со обвинители од самото обвинителство, но тврдат дека нивниот избор бил законски, а се работело за најдобри кандидати или, пак, за единствени со комплетна документација од пријавените. Така од СЈО велат дека за позицијата што ја добила ќерката на Јосифоска биле барани шест извршители, а биле пристигнати 14 пријави. Од нив дури осум пријави биле со некомплетна документација, при што изборот морало да падне на овие шест, меѓу кои и Елена Јосифоска, пренесе весникот.

janeva-zaev

Заев ги најавуваше чекорите на Јанева, медиумите на Сорос кршеа закони

Што се однесува до втората група на причини поради кои Јанева моли за подолг период на удобното столче во СЈО, со сигурност станува збор за нејзината блиска соработка со лидерот на СДСМ Зоран Заев и партиските функционери од оваа партија. Токму опозицискиот лидер однапред ги најавуваше чекорите на обвинителката. Јавноста прво беше изненадена од ваквото однесување, но потоа се и стана јасно. Ова видео се чини дека најдобро ја отсликува поврзаноста на СДСМ со СЈО, односно на Зоран Заев со Катица Јанева. Ваквата прес-конференција на Јанева дојде по само неколку дена откако Заев ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Јанева треба да ги спроведе по негов заповед. Сега цела јавност знае каква соработка имаат Заев и Јанева.

 

Советниците на СДСМ на своите Фејсбук профили најавуваа за што ќе говори СЈО на прес-конференција иако темите никогаш не беа јавно соопштувани. Од тука е сосема јасно дека се работело координирано меѓу СЈО и СДСМ.  Таа нишка на кршење на тајноста и откривање на скандалозната поврзаност ја продолжија медиумите блиски до СДСМ/Сорос кои најавуваа кој и кога треба да дојде на распит иако согласно македонските закони, таквото дејствие е тајна.

sjo-duvnjak

Целата јавност сфати, но не и Јанева, дека Заев монтираше и креираше случаи заедно со Чауш и сличните нему  во СДСМ. Но, наместо да го расчисти овој криминал, Јанева одлучи да ослободи друг криминалец кој заедно со Заев го кршеа законот- Зоран Верушевски. Сопругата на овој човек, која исто така беше осомничена за „Пуч“, за чекорот на Јанева јавно му се заблагодари токму на Заев.

verus-sonja

Јанева има ограничен капацитет

Капацитетот на Катица Јанева е ограничен на нарачките добиени од Зоран Заев. На почетокот бараше голем тим поради обемната работа која велеше дека ја има. Потоа без логично објаснување и причина таа отпушти две вработени. Очигледно сметала дека и се вишок за да ги исполни своите обврски кон лидерот на СДСМ. Јанева од својот тим ги избрка Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева.

Кадриу во изјава за Канал 5 телевизија рече дека само Јанева знае зошто тие повеќе не се дел од тимот. Работеле редовно, посветено и одговорно, а зошто Јанева донесе ваква незаконска одлука, никој освен неа не може да знае.

Работев редовно, сите задачи, како и другите обвинители што се внатре.  За тоа каде настана проблем, ќе ја прашате Катица Јанева. Таа не рече ништо освен дека не сме дел од тимот. Толку, Ништо не ни објасни. Ние прашавме, ама ништо. Немаше никакви несогласувања до моментот кога ни рече да излеземе од канцеларија и да ги предадеме предметите. Немаше никаква забелешка, ни усмена ни писмена. Ние работевме на предмети, а тие се предадени со записник за примопредавање на колегите.  Советот за тоа викаше од почеток дека се доволни 7 обвинители, а обвинителката мислеше дека требаат повеќе. И се удоволи на нејзино барање, вели Кадриу.

Обвинителката вели дека не е точно дека се вишок и дека само Катица Јанева може да знае зошто таа мисли така.

-Само таа знае зошто сме ние вишок или мањак. Тоа таа треба да го каже, зошто носи такви одлуки еднострани и некоректни, несогласни со кодот на однесување на јавните обвинители, заклучи Кадриу во изјавата за Канал 5 на крајот на јануари.

Јанева одговори дрско без образложение: „Јас сум таа што одлучува за тоа кој ќе работи а кој ќе биде разрешен во специјалното обвинителство“!

janeva-anevski

Јанева постапи незаконски и неетички

Советот на јавни обвинители тогаш одлучи дека специјалната обвинителка Катица Јанева „незаконски, неетички и непрофесионално“ ги избркала двете обвинителки од Специјалното обвинителство, без никаква претходна најава.

Првиот човек на Советот, Петар Аневски, информираше дека по обемната дискусија, а разгледувајќи ги изјавите на двете обвинителки и на специјалната обвинителка, дошле до заклучок дека Јанева во конкретниот случај ги прекршила Законот за работни односи и за обвинителство.

-Без да спроведе постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош повикала некој од судските полицајци, кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека тврдењето на Јанева содржано во нејзиното писмено обраќање дека тие сами побарале да заминат – не е точно, рече Аневски.

351237-kako-se-zbogati-katica-janeva

Скандали и луксуз наместо работа

Речиси цела година, од Јанева слушаме само театрални прес-конференции, партиски мотивирани изјави, сведоци сме на нејзиното непрофесионално работење. СЈО е затворено и во односот кон медиумите кои не се блиски до СДСМ. Тие одговараат на прашањата неколку дена подоцна, во најмногу 2-3 реченици и во сосема поинаков контекст од прашањето. Нема транспарентност во нивното работење.

Затоа наместо да моли преку медиумите на СОРОС и наместо да одработува агенда на Заев, јавноста од Катица Јанева очекува сериозен отчет за тоа каде ги троши огромните суми на пари кои и се исплаќаат од џебот на граѓаните.

Најчитани вести