четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Независното новинарство на СДСМ е воспевање на деструктивните политики на „Бихаќка“

Со последната одлука на СДСМ, уште еден таканаречен „независен“ новинар, од синоќа стана партиски функционер. Според информациите до кои дојде порталот „Курир“, неговата трансформација од независен новинар во партиски функционер траела помалку од 48 часа.

Поврзани вести

Со последната одлука на СДСМ, уште еден таканаречен „независен“ новинар, од синоќа стана партиски функционер. Според информациите до кои дојде порталот „Курир“, неговата трансформација од независен новинар во партиски функционер траела помалку од 48 часа.

Имено извори од преговорите во клубот на пратеници ни посочија дека токму таканаречениот „независен“ новинар Мухамед Зекири бил еден од последните предлози на Зоран Заев како професионален петти член во ад хок телото за мониторинг на медиумите. Откако овој предлог бил отфрлен, бидејќи Мухамед Зекири, освен за СДСМ за целокупната јавност важел како мегафон и ги промовирал радикалните ставови на СДСМ, истиот е предложен за кандидат во највисоките тела на партијата, пишува порталот.

alsat-zaev-zekiri-640x507

„Курир“ потсетува дека Мухамед Зекири е познат во пошироката јавност по тоа што ги реализираше сите интервјуа на Заев во кои тој промовираше подготвеност за секакви отстапки со ставови дека на СДСМ не му личи да глуми патриотизам.

Инаку, како што потсетува порталот, Мухамед Зекири не е првиот таканаречен „независен“ новинар кој преку ноќ се трансформирал во партиски послушник на СДСМ. На изборите во 2011-та година СДСМ на пратеничките листи стави уште двајца „независни “ новинари од тогашната А1 телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска. Сега како партиско решение Заев ја предложи Санта Аргирова која работеше во Телма и Алфа, а почна да работи и во кабинетот на Илинка Митрева.

lence_nikolovska_safet_bisevac-610x400

Јавноста нема да го заборави и најголемиот скандал кога веднаш по доаѓањето на власт, СДСМ сите партиски послушници во медиумите, во 2002 година ги награди со вработување во државните институции. Хипокризијата на СДСМ кон медиумите е прочитана. Нема човек во земјава кој не знае дека СДСМ не го интересира независно новинарство. Тие сакаат купени и контролирани медиуми кои ќе пишуваат само тоа што им се диктира од Бихаќка. Тоа е причината зошто Заев инсистираше на воведување на цензорско тело и строги санкции и затварање медиуми за искажан сопствен став и мислење, се вели во текстот.

Најчитани вести