среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

„Курир“: Очајниот рејтинг на СДСМ и во иднина ќе резултира со политички настапи на Јанева

Рејтингот на партијата која цела деценија е во опозиција е јасен показател дека граѓаните немаат доверба во СДСМ. Порталот „Курир“ пишува дека токму затоа партијата на Зоран Заев има единствен план во предизборниот период да води само негативна кампања.

katica-janeva-zoran-zaev1

Поврзани вести

Рејтингот на партијата која цела деценија е во опозиција е јасен показател дека граѓаните немаат доверба во СДСМ. Порталот „Курир“ пишува дека токму затоа партијата на Зоран Заев има единствен план во предизборниот период да води само негативна кампања.

Челниците на СДСМ се обидуваат и ќе продолжат да се обидуваат да извалкаат што е можно повеќе членови од раководството на владејачката партија. Тие посегнуваат и по очајнички обиди да им наштетат на политичарите на кои граѓаните им ја даваат својата доверба. Само 10 дена до распуштање на Собранието, а СДСМ нема ниту програма, ниту идеја, ни презентација, пишува порталот.

Експертите во изјава за „Курир“ посочуваат оти е сосема јасно дека следува негативна опозициска кампања, но дека во таквата кампања верен сојузник на СДСМ ќе биде Специјалната јавна обвинителка.

pandov-500

Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, единствениот план на СДСМ е да оди со негативна кампања, а во таквата кампања од голема помош им е Катица Јанева.

Од СДСМ и од Заев веќе години нананзад, поточно откако е тој на чело на таа партија, ништо не добиваме како програма, не добиваме како идеја, како некој можен иден проект кој би можел да биде реализиран. Единствено нешто што добиваме е истурање на грст бљувотини поттикнати од нивната немоќ да се спротивстават со политики и идеи на ВМРО-ДПМНЕ. За очекување е дека СДСМ на чело со Заев, Шекеринска и Шилегов, како и досега политиката на негативна кампања на оцрнување на луѓе на правење се како би се фрлила некоја дамка како би се оцрнил политичкиот противник. Како примери ќе посочам последниот, Фабриката за афери. Целата партија се ангажирала како преку фалсификување на документи и исправи да оцрни одреден број на раководни функционери од ВМРО-ДПМНЕ и од владата, а тоа е пренесувано до скапото платена кампања на СОРОС, а како најистурена перјаница на таа негативна кампања и на обид да се оцрнат луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, секако е Катица Јанева, вели тој во изјава за „Курир“.

Пандов вели дека Јанева досега не ги даде одговорите кои и ги должи на јавноста за уште 500.000 разговори од Заев, за становите и барањето концесија за земјоделското земјиште, како и за што таа ги трошела парите. Тој обвинува дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребува функцијата.

Не видовме ништо од најважниот случај „Пуч“, не видовме да ни потврди она што сите ние веќе го знаеме дека Верушевски и Заев со помош на странски служби ги правеле тие прислушкувања. Ништо од тоа не видовме, сега и денес, а верувам дека и во наредниот период, секој поистакнат функционер на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, ќе гледа преку нејзини пријави или сомненија да ги оцрнува во јавност, смета Пандов.

Граѓаните кои се уште чекаат некаква понуда од Бихаќка единствено што добиваат е деструкција, манипулации и лаги, потопени во политички напади. Експертите оценуваат дека најголемиот проект со кој излегоа во јавноста беше фабриката за афери создадена од Чауш и конструкциите на Јанева чија кулминација беше незаконското апсење на Едмонд Темелко.

Поради ваквото… (повеќе на следната страница)

Најчитани вести