„Курир“: Очајниот рејтинг на СДСМ и во иднина ќе резултира со политички настапи на Јанева

Поради ваквото нивно однесување, рејтинзите на партиите се сосема јасни и очекувани.

Според најрелевантните анкети на ИРИ и Брима галуп, СДСМ дебело и неспоредливо заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ.

satev-anketa-sitel-640x267

anketa2

anketa6

Универзитетската професорка  д-р Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за Курир вели дека Јанева е продолжена рака на Заев, а СЈО е ставено во функција на СДСМ.

karakamiseva

И покрај денешното буквално правдање пред македонската јавност, со напишаниот говор од друг, очигледно познавач на меѓународното право и на европските документи за човековите слободи и права, за г-ѓата Катица Јанева и нејзиниот тим се е залудно и напразно.

Македонската јавност одамна го демаскира СЈО. За мнозинството македонски граѓани, Јанева и СЈО се продолжена рака на СДСМ и на Заев, која треба да му одработи на Заев она што тој самиот не може ни на сон да си одработи. Јанева и СЈО се ставени во функција за драстично зголемување на партискиот рејтинг на Заев, и тоа е сигурно. Јанева и СЈО ќе направат се во периодов што следи до изборите, но и потоа за целосна дискредитација на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги дисквалификуваат партиските личности дека не можат да учествуваат во изборниот натпревар, иако изборните правила велат сосема друго. Во периодов очекувам зголемена „активност“ на СЈО во насока на поведување истражни постапки за сите највлијателни политички функционери на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои СЈО треба да му го одработат на Заев политичкиот терен и да му го покријат срамот дека два месеци пред избори СДСМ нема практично ништо конкретно, нема никаква програма, ниту идејни решенија за проблемите на граѓаните, вели таа за „Курир“.

Професорката смета дека СЈО му е последна надеж на Заев.

Интересно ќе биде како ќе се одвива оваа политичко-правна драма, со оглед дека специјалните обвинителки имаат очигледно навежбан и подготвен од друг драмски настап, и драматичен вокабулар кој треба да ја зголеми нивната убедителна моќ пред граѓаните дека нешто сензационално откриле, дека кај и да е ќе ги приведат сите во ВМРО-ДПМНЕ, а всушност, ако се погледне подлабоко и правно во нивните случаи ќе се види дека тие практично не откриле ништо, дека нивните предмети се обичен збир од хартии без правна тежина. Практично СЈО му е последната надеж на Заев и на дел од меѓународниот фактор за некаква мирна промена на власта во Македонија. Во периодов што следи ќе се изнаслушаме цел куп политички монтирани случаи што правно се мртви и пред да се појават на прес-конференција, но влогот за доаѓање на власт на Заев е голем, па затоа СЈО ќе продолжи со сценариото на сопствено соучесништво во остварување на мастер планот за уништување на ВМРО-ДПМНЕ, преку кое уништување ќе се стави крај и на македонската држава во денешната форма и со името на државата какво што е денес. Се додека СЈО работи, Заев ќе има простор да се надева за некаков политички пресврт. Се додека СЈО испорачува истражни постапки, обвиненија, притвори итн. Заев ќе може да смета дека паѓање на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е можен и дека граѓаните ќе попуштат пред притисокот. Заев ќе ги одложува изборите се додека тој не е сигурен дека го има придобиено гласачкото тело, иако е длабоко свесен дека тоа е невозможна мисија, затоа што граѓаните никогаш не гласале за рушители на државата, туку за градители на државата. Граѓаните никогаш не гласале за влез на подземјето во политиката, туку за конкретни, сериозни и одговорни личности што работат исклучиво во интерес на граѓаните. Оттаму, обидот на СЈО за дикредитација и уривање на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде јалов, и без никаков политички ефект. Оној што на крај ќе изгуби, ќе биде Заев и СДСМ. Граѓаните ќе ги казнат овие деструктивни ликови, а органот што е соучесник во политичкото сценарио за разнебитување на Република Македонија, и што служи на други, а не граѓанските интереси, ќе биде ставен во аналите на правната историја како најголем национален срам кој воопшто некогаш се појавил на македонската правна сцена, заклучува професорката.