петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 76

Курир: СДСМ фатени во офсајд- планот им е разоткриен

zaev-sekerinska-spasovski

Поврзани вести

СДСМ не успеа да ја изманипулира јавноста. Опозициската партија е во очај откако им беше разоткриен планот за фабрикување фалсификувани документи, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека партијата која ја води Зоран Заев влегува од еден во друг фалсификат. Тие продолжуваат со користење на фалсификувани, сечени, лепени и манипулативни материјали. Но, фактите излегоа на виделина и јавноста стана сведок дека СДСМ е дебело замешана во фалсификати.

Откако претходно беа објавени информации за т.н. фабрика за афери, опозиционерите се обидоа на социјалните мрежи да пуштат фалсификувана фотографија, а за срамот да биде поголем, опозициските пратеници се дрзнаа оваа лажна фотографија да ја размавтуваат и од говорницата во Собранието.

Опозиционерите го допреа дното, па наместо аргументи на синоќешната седница се користеа со лаги. Функционерите на СДСМ треба да знаат дека „на лагата и се куси нозете“. Народот се смее на евтините обиди да се исперат од фабриката за фалсификати во која длабоко се загазени СДСМ и нивниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Сето она што деновиве беше објавено во медиумите докажа дека СДСМ е во коалиција со криминалното подземје, пишува „Курир“.

Според порталот, потезите на послушниците на Заев се доказ дека нервозата кај СДСМ расте секој ден. Затоа тие прават нелогични чекори, фалсификати и монтажи со што станаа мета на потсмев кај македонскиот народ.

adnan-640x360

На фотомонтажата од СДСМ можат да се забележат крупни грешки кои се воочливи и за аматери. Откако се откри дека постои тесна поврзаност помеѓу фалсификаторите на лични карти со СДСМ и Оливер Спасовски, опозиционерите во паника прават крупни грешки.

СДСМ сакајќи да се испере за очигледната поврзаност и соработка, направи фотомонтажа на еден од фалсификаторите и премиерот Никола Груевски. Не само што веднаш се докажа дека фалсификаторот е сликан не со Груевски, туку со друга личност, туку и самата монтажа е со мал милион аматерски грешки.

montaza-sdsm-640x543

Па така, воочливо е дека сенките на фигурите се различни и паѓаат под различен несвојствен агол. Истовремено, сликата од каде фигурата на Груевски е исечена и употребена е фотографирана со блиц и затоа е потемна, а сликата каде е еден од фалсификаторите на СДСМ е без блиц и е на дневна светлина.

obama-montaza-slika

Истовремено, аглите на сликите се менувани со цел да се направи соодветен агол на прикажување, дури и пикселите на самата фотографија се различни, што покажува дека се работи за фотомонтажа.

Со ова само се надзира паниката во редовите на СДСМ која што говори за кашата во која раководството ја вплетка партијата.

Најчитани вести