„Курир“: Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“

Аферата „Фабрика 2“ која ја објави опозицискиот новнар Васко Ефтов во која СДСМ и СОРОС формираат мрежа на новинари кои ги финансираат со цел да ги бранат нивните интереси доби нова потврда, објави порталот „Курир“.

Имено, во интервју за Утрински весник, Ефтов истакнува дека постојат поголем број новинари кои се организирани во одредена групација која тој jа нарекува „Фабрика 2“, а која пак има за цел жестока критика кон Владата и поддршка на СДСМ.

-Обидот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска е преку формирање „фабрика 2“ да го исплукаат и медиумски линчуваат секој што не размислува или не се согласува со нивната политика. Не треба да бидеме наивни и да не гледаме дека во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани многу новинари кои беа дел и од проектот „фабрика 1“ на Владо Бучковски. Во најголем дел, во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани новинари кои работат во медиуми финансирани од Фондацијата „Сорос“, новинари кои се блиски на таа Фондација или новинари кои работат на проекти финансирани од странски грантови. Анализата на уредувачката политика на Алсат М остава простор за сомнеж дека дел од уредувачкиот тим на телевизијата е битен фактор во тој проект „фабрика 2“. Случајно или намерно, името на главниот уредник на Алсат М, во анкетите на опозицискиот неделник „Фокус“, беше споменато како иден директор на Македонската радио-телевизија, во случај опозицијата да ја преземе власта во државата. И лани, кога беше аферата со Македонска банка, и денес Алсат М се јавува како носач на авиони за политиката на Зоран Заев, вели Ефтов во интервјуто за Утрински весник.

По ваквта изјава на Ефтов, потврда за ова афера доаѓа и од други опозицски новинари. Марјан Стаменковски кој важи за еден од најжестоките поддржувачи на лидерот на СДСМ Зоран Заев коментирајќи по конфликтот  кој на последната прес коференција на СДСМ го имаше опозициската новинарка Мери Јордановска со членството на СДСМ, истакна дека опозициски новинари доаѓаат кај Заев кој пак им исплаќал хонорари. Бранејќи го Заев, Стаменкоски им порачува на Јордановска и другите опозициски новинари дека да е на тој на местото на Заев веднаш „би ги шутнал кога доаѓале кај него на баци рака по хонорарче“.

dokazzz

 

dokazzz1

Покрај тоа што станува јасно дека тезите на Ефтов во кои ја објавува новата афера за медиуми е точна, на овој начин се потврдува и дека конфликтот во опозициските медиумски кругови со СДСМ најверојатно е поради пари или пак незадоволство од малиот износ на средства кој го добиваат новинарите, а за кои зборува Стаменковски.

Самата потврда на оваа афера е скандалозен и јасно покажува дека СДСМ под своја контрола, исто како и во минатото, така и денес организираат групи новинари кои работат за СДСМ. Со ова паѓаат во вода декларативните заложби на СДСМ за слобода на говорот, кои на дело го покажуваат спротивното, дека своите новинари ги држат под режим со финансирање за одработување на своите потреби, а при несогласување со партијата следуваат санкции. Примери за тоа се и самиот Ефтов кој доби отказ,  Гоце Михајловски кој беше сменет од уредничката функција во 24 Вести, исвиркувањата кои ги доби Мери Јордановска, навредите и заканите упатени кон Боби Христов и Душица Мрѓа и многу други. Несомнено, покрај тоа што се руши сликата на СДСМ која самите сакаат да ја претстават во јавноста, се руши и кредибилитетот на новинарите организирани во таканаречената „Фабрика2“.

За јавноста е јасно дека работата на овие новинари кои во најголем дел се финансирани од СОРОС или имаат финансиски врски со СДСМ, има за цел пропаганда на СДСМ. Токму вака изгледа секоја нивна објавена информација. Дел од медиумите неколку пати досега објавуваа дека Фондацијата Сорос на лустрираниот Владимир Милчин за финансирање на медиуми има издвоено над 93 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.