„Курир“: Општините кои СДСМ ги предаде дефинитивно се откажаа од двојазичноста

Општините кои најголемата опозициска партија СДСМ ги предаде со Законот за територијална поделба од 2004-та година дефинитивно се откажаа од двојазичноста која опозицискиот лидер Зоран Заев ја најавува доколку СДСМ дојде на власт, пишува „Курир“.

Имено, само еден автобус и две комбиња тргнаа и од Струга иако општинскиот комитет на СДСМ добил задача да собере најмалку 500 членови и нивни роднини.

Ова покажува дека општините кои СДСМ ги предаде дефитивно се откажаа од идејата за двојазичност која Заев и неговите медиумски мегафони изминатиов период ја пласираат во јавноста.

Граѓаните на Струга и Кичево не ја забораваат 2004-та година и понижувањето кое им го нанесе тогашната влада на чело со СДСМ. Според законот предложен од тогашниот премиер Владо Бучковски, а поддржан од претседателот Бранко Црвенковски, Македонците во Струга и во Кичево станаа малцинство.

Со територијалната поделба во 2004 поддржана од Заев и неговите сопартијци, на Струга и се додадоа Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково. Со овие промени Албанците во Кичево и Струга станаа доминантна етничка заедница.

Референдумот против новите општински граници не успеа. Мнозинството граѓани гласаа против измените, но не беше постигнат неопходниот процент на излезност од 51 отсто. Тогашната владејачка гарнитура предводена од СДСМ, го отфрли референдумот со кампањата “Некои прашања не заслужуваат одговор”.
Во кампањата за референдумот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски гласаше за укинување на законот за територијална поделба и бараше граѓаните да се спротивстават на законот.

СДСМ тогаш од граѓаните бараше да не гласаат на референдумот, по што општините Струга и Кичево станаа општини со доминантно етничко албанско население.