вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

„Курир“: Партиските вештаци на Катица Јанева со повик за физичко насилство и рушење во пресметка со ВМРО-ДПМНЕ

Ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката, пишува “експертот“ на Јанева.

janeva-grcev-640x442

Поврзани вести

Мирослав Грчев кој беше фаворизиран од Катица Јанева да изработи вештачење со кое неосновано ќе се конструира предмет во врска со уривањето на дивоградбата „Космос“ во својата најнова колумна „Со оган на владата и советот на град Скопје“, повторно повикува на насилство и пресметки со ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката, пишува “експертот“ на Јанева.

Освен „скотови“ во вулгарниот политички памфлет, Грчев ги оцрнуваат сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, прогласувајќи ја целата партија за фашистичка.

„Кретени и криминалци“, „мафијашко-партиска држава со фашистичко идеолошко ударение“, „арамии, лопови и ништожници“, „девијантните криминални умови“ се само дел од бројните недолични клевети и навреди искажани од експертот ангажиран од Катица Јанева.
Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева со премолчување, засега ги одобруваат ваквите настапи на нивните експерти и вештаци, потврдувајќи ги тезите дека СЈО не работи професионално, неселективно и по закон, туку настапува по партиската агенда на СДСМ – СОРОС.

КУРИР побара став од Јанева и СЈО за ваквото скандалозно однесување на Грчев, но оттаму не добивме одговор.

prasanje-sjo

Откако партискиот функционер на СДСМ, Мирослав Грчев изработи неверодостојно вештачење по нарачка на Катица Јанева, истиот беше поканет на дебата околу случајот „Космос“. Во недостиг на правни аргументи, Грчев избега од соочување, одговарајќи дека во координација со СЈО му било сугерирано да не се појави. Затоа сосем легитимен е заклучокот дека по координација со СЈО, Грчев добил сугестија да настапи агресивно со клевети и навреди кон ВМРО ДПМНЕ.
Во моментов Мирослав Грчев е осомничен за сериозен криминал и се соочува со обвиненија дека ја злоупотребил службената положба и овластувањата за што се заканува затворска од 6 месеци до три години.

Имено во документите кои беа објавени во медиумите, беше јасно видливо дека без знаење на факултетот, Грчев фалсификувал потпис и веќе еднаш изготвиле невистинито вештачење за Космос. Тогаш и просветниот инспекторат констатирал дека Грчев ја злоупотребил позицијата и сугерирал санкции кон професорот – измамник.

„Дневник“ дојде до документи што покажуваат дека за случајот „Kосмос“ во фаза кога се водеа постапки надвор од СЈО изманитиве години изработени се уште најмалку три вештачења и тоа нарачувани од двете страни во постапките, односно и од фирмите на Цановски и од општина Гази Баба и градоначалникот Тони Трајковски.

-Две од нив се од фирми и лица, што укажува на тоа дека како вештак за градежни работи и за експертиза за случајот сепак може да се јави и друго лице. Но, сите тие се прогласени за невалидни, па во случај за наводна политичка дискриминација, ангажиран е токму политички противник на ВМРО-ДПМНЕ. Имено постои вештачење изработено во периодот 2011/2012 година од друштво за сметководствени услуги и вештачење најмено од фирмата на Цановски, а како контравештачење на тоа, пак, се изработени наод и мислење во март 2012 година од вешто лице – дипломиран инженер Kирил Велков. На едно од вештачењата до кои кои дојдовме од периодот пред предметот да го отвори СЈО, повторно е потпишан Грчев, како професор од Архитектонскиот факултет. Зад вештачењето застанал и Архитектонскиот факултет, но подоцна било констатирано дека тоа не е точно, дека Грчев ја злоупотребил својата професорска положба и оти ваквото вештачење е неважечко. Се работи за вештачење што Грчев го потпишал преку Институтот за урбанизам од Архитектонскиот факултет во јули 2011 година по барање на фирмата на Цановски. Грчев при тоа искористил штембил и печат од факултетот иако за тоа ниту побарал дозвола ниту го известил тогашниот декан на факултетот, Тихомир Стојков. Целата ситуација е опишана во записник од Просветниот инспекторат од Министерството за образование за извршена инспекција во врска со вештачењето на 15 и 17 август 2011 година, објави ДНЕВНИК.

dokument1-grcev

dokumenmt2-grcev

dokument4-grcev

dokument5-grcev

dokument6-grcev

Мирслав Грчев на јавноста и е познат како висок функционер на СДСМ и поранешен градоначалник кој со својата некомпетентност нема оставено ниту еден проект зад себе или нешто по што би го помнеле скопјани.

Најчитани вести