„Курир“: Повеќе врева, помалку народ на митингот на СДСМ (фото)

Многу врева за малку народ. Вака првично порталот „Курир“ го опишува одзивот на митингот на СДСМ кој се очекува да започне секој момент пред Владата на Република Македонија.

slabo

Овие фотографии кои кружат на социјалните мрежи покажуваат слаб одзив од повеќе градови за долгонајавуваниот митинг на опозицијата. Иако соросовите медиуми шпекулираа и лажеа дека имало притисоци врз превозниците да возат кон Скопје, сепак реланоста и овие фотографии покажуваат дека не само што притисоци нема, туку и дека некои од автобусите се полупразни.

И самите превозници уште синоќа потврдија дека никој не им врши притисок за превоз на денешниот протест.

slabo-1

– Нема никакви проблеми. Нас никој не ни направи проблем, не не ”чепна” ни полиција, ни некој како што се ширеа муабети инспекции или не знам кој и какви групи. Со години ние возиме за СДСМ, партијата си плаќат и услуга даваме, а никој ни за овој митинг ни за други митинзи порано не ни направил проблем. Не ми е јасно кој се овие кои излегуваат по медиуми со вакви глупави тврдења дека некој не притискал. Ево јавно кажувам, јас ги возам сите на митинг од Охрид до Скопје и повторувам јасно и гласно : Немам никаков проблем и никој не ми вршел никаков притисок ! – изјави превозник од Охрид.

slabo-2

Уште пред почетокот на митингот, односно уште во текот на вчерашниот ден СДСМ  започна да лифтерува бројки од 100.000 протестанти. Оваа нереална бројка ја соопшти лидерот Зоран Заев уште вчера, но тоа е многу далеку од она што реално се случува на терен.

slabo-3

Соочени со со слабиот одзив од граѓаните на терен и одбивањето на симпатизерите на СДСМ да влегуваат во неговото сценарио, почнаа да праќаат празни автобуси, за што сведочат и фотографиите кои ги објавуваме. Дополнително, просторот пред Влада социјалдемократите го оградија со барикади во обид за да се прокаже поголема посетеност и да се створи слика да присуство на повеќе луѓе.

slabo-4

slabo-5

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.