среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 23

„Курир“ прогласи ексминистер за бездомник, „Блиц“ го најде како предава на факултет

Изненаден сум оти ова ми личи на бизарно филмско сценарио, особено затоа што секој ден одам на работа пеш – изјавил Вуксановиќ.

dnevnik-eksminister-srbija

Последни вести

Српскиот дневен весник „Kурир“, чиј сопственик – медиумската куќа „Адрија медија груп“ неодамна го купи и македонскиот весник близок до СДСМ – „Слободен печат“, вчера објави насловна сторија тврдејќи дека поранешен српски министер за образование е бездомник на улица, информација што подоцна се покажа како целосно неточна, пишува Дневник.

Имено, ударниот текст со фотографија од поранешниот министер Слободан Вуксановиќ во владата на Воислав Kоштуница беше објавен со наслов „Шокантно! Поранешен министер бездомник: лекарите го тргнале од улица да не се смрзне“ и во него „Kурир“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека по разводот и губењето на работното место како професор, Вуксановиќ бил оставен на улица, а подоцна најден смрзнат и гладен на клупа во паркот.

Но, скандалозната вест се претвори во бламажа за српски „Kурир“ кога новинари од конкурентскиот „Блиц“ едноставно отишле на приватниот Факултет за применет менаџмент, економија и финансии каде што се увериле лично од ексминистерот дека тој си ја извршува професорската работа и живее сосема нормален живот, па дури присуствувале и на негово предавање.

Вуксановиќ на новинарите од „Блиц“ им објаснил и дека живее во сопствен стан во Врачар и бил изненаден воопшто од поривот на медиумот да објави вакви измислици.

– Изненаден сум оти ова ми личи на бизарно филмско сценарио, особено затоа што секој ден одам на работа пеш – изјавил Вуксановиќ.

Сепак, судејќи според своето политичко искуство уште од 1989 година, изјавил оти не го чуди оти во време на предизборие секогаш се лансираат разноразни приказни.

Во политиката не сум веќе 10 години, но можеби е ова некој вид навестување на некоја кариера, иако професорската не би ја оставил – порачал Вуксановиќ.

И од управата на Факултетот потврдиле дека професорот, инаку доктор на науки, е во редовен работен однос, а трагедијата да биде уште поголема, „Kурир“ во вистината можел да се увери со само еден клик на официјалната веб-страница на Факултетот каде што јасно стои дека Вуксановиќ бил избран за доцент на факултетот во 2014 година.

Фијаското на српски „Kурир“ очигледно со задоволство го дочека и белградскиот весник „Информер“, кој веднаш објави текст со наслов: „Страшна бламажа на ’Kурир’! Ексминистерот го прогласија за бездомник, а тој е професор на факултет!“

Најчитани вести