„Курир“: Програмата за избори на Заев-во возило на СДСМ запленета опремата на „шарените“

Вандалите на СДСМ и СОРОС продолжуваат да го уништуваат Скопје
Вандалите на СДСМ и СОРОС продолжуваат да го уништуваат Скопје

Од возило на СДСМ е одземена опремата со која изминатиов период беше нанесена штета од 250.000 евра при вандалскот дивеење на опозициски активисти за кои во јавноста излегоа цврсти докази дека се дебело платени за ваквите демонстрации во кои се оштетуваат спомен- обележја и државни објекти, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека во јавноста веќе нема дилеми дека нема ништо граѓанско во вандалските протести на опозицијата.

СДСМ и СОРОС го организираат и реализираат фарбањето на државата преку нивни платеници коие секојдневно го шараат градот за остварување на своите цели, рушење на легитимно избраната влада и доаѓање на избори без почитување на волјата на народот, пишува порталот.

kombe-1

Бои и катапулти се изборната програма на СДСМ. Опремата за уништување на јавниот имот се разнесувала со партиско возило на СДСМ. Синоќа на раскрсница од ул.11 Октомври и ул.Кочо Рацин, од страна на сообраќајна патрола беше запрено возило Фиат Добло со регистерски ознаки СК-422-ВЦ, сопственост на СДСМ во кое имало акрилни бои кои биле користени за време на вчерашното сквернавење на Порта Македонија.

kombe-2-640x427

Во акцијата беше приведен возачот на комбето, лицето Новица Павиќ (54) од Скопје (член на СДСМ) кое на социјалните мрежи може да се види во друштво на луѓето вработени во кабинетот на Заев, неговиот возач, партискиот снимател, шефот на протокол и лицата задолжени за односи со јавност. Како шо објавија медиумите вчера, Павиќ одбивал да разговара во полиција и го повикал партискиот адвокат Мирослав Вуиќ, кој инаку пред македонските судови го брани и сопартиецот на Заев, Захир Бекири- Чауш.

kombe-3-640x427

Со вечерашната акција се потврди дека нема ниту “Г” од граѓанство во насилните протести со кои беa осквернавени бројни спомен обележја. Веќе нема дилема кој ги организира катапултите како дел од украинското сценарио и кој ги снабдува со бои хулиганите што дивеат на улиците. По објавувањето на списоците на платениците на Сорос не постојат ниту дилеми околу финансиската конструкција, односно кој ги плаќа најагресивните хулигани.

kombe-9 kombe-8-640x427 kombe-7-640x427 kombe-6-640x427 kombe-5 kombe-4-640x427

Свернавењето  спомен- обележја секаде е чин на вандализам

Во западните држави…