„Курир“: Проработе и повторно зариба фабриката за лаги на СДСМ

Миленко Неделковски никогаш не добил концесија ниту субвенции. Таков документ не постои. Техничкиот привремен заменик министер Љупчо Николовски се обидува фирмата Натурал Фуд од Градско, каде во моментов е сопственик роднина на Миленко Неделковски, да ја опише како злоупотреба на новинарот Неделковски и ВМРО ДПМНЕ, пишува „Курир“.

Како што наведува порталот, за волја на вистината, а за жал по фабриката за лаги на СДСМ, таа фирма не е на Миленко Неделковски. Уште поважно, таа фирма, во времето на СДСМ ја има формирано Митко Јованов, еден од најблиските соработници и советници на Зоран Заев.

Фирмата Натурал Фуд Доо од Градско е формирана на 13.02.2006-та година.

milenko-dok-1

Сопственост е на Митко Јованов кој е еден од најблиските советници и соработници на Зоран Заев. Познат по своите прозаевистички и просдсмовски колумни кои ги објавува во соросоидни портали и весници.

Управител на фирмата од 2006-та до 2009-та на Натурал Фуд Доо од Градско била мајката на Митко – Вера Јованова.

milenko-dok-2

Фирмата кога била основана, регистрирана е на домашната адреса на родителите на Митко, Вера и Атанасие  Јованови.  Улица 4 јули бр. 62 во Градско. Тоа е куќата каде што е роден, каде израснал и се школувал Митко Јованов, советникот на Зоран Заев. Фирмата е формирана на 13.02.2006-та година.

Митко Јованов во периодот на самостојно работење успеава во 2006-та, во времето на СДСМ, со договор број 00917 од 12.05.2006 да земе под закуп 250 хектари пасишта. Тој договор е обновен во 2009-та со договор број 1033 од 10.03.2009 за помал простор од 190 хектари.

Заради неможност да ја води сам, но и заради брачни односи во Германија каде се сели да живее, во 2009-та Митко Јованов на “Пазар 3“ ја нуди фирмата на продажба, менаџирање или опција за партнерско работење. Заинтересирани се повеќе лица и фирми, ама се откажуваат заради долговите што фирмата ги има направено. Како заинтересирана страна  се јавува лицето Ратко Неделковски од Скопје.

На почетокот на соработката,  лицата Митко Јованов и Ратко Неделковски, влегуваат во партнерски однос.

milenko-dok-3

До денешен ден Миленко Неделковски нема формално-правна допирна точка со фирмата концесионер. Привремениот заменик министер не може да покаже ниту еден таков документ.

СДСМ треба да одговори дали на семејството на Миленко Неделковски му е забрането да работи и да заработува? СДСМ треба да одговори дали на семејството на Миленко му е забрането да има мала фамилијарна фирма која има право да аплицира за добивање регуларни субвенции? И, ако е така, според кој закон е тоа?! Дали СДСМ смета дека само Зоран Заев и родителите на Гордан Георгиев имаат право на субвенции?

Видно од документите:

  1. Фирмата која е предмет на манипулација од страна на привремениот заменик министер е формирана од близок соработник и советник на Зоран Заев.
  2. Фирмата договорите за концесии ги добива во времето на СДСМ.

Според позитивните законски прописи кои очигледно не ги знае Николовски:

  1. Фирмата редовно ги плаќа надоместоците за концесии.
  2. Фирмата, според договорот потпишан во времето на СДСМ, има право да чува од 1 до 744 кози на пасиштето што е под концесија.
  3. Субвенции се добиваат по грло на добиток, литри произведено млеко, продадено сирење – не по квадратура на пасиште.
  4. За да се добијат субвенции за добитокот, секое животно треба да биде регистрирано, бележено, вакцинирано и да му е земена крв за проверка дали е здраво.

На оваа фирма Натурал Фуд, еднаш си ги скрши забите пратеникот на СДСМ од Велес Марјанчо Николов барајки “тендер за субвенции“. Се увери целата јавност во Македонија со каков човек си има работа. Еве сега и Љупчо Николовски го следи неговиот пат. Во двата случаи советник за измислување афера беше Ленче Николовска, која безуспешно се надеваше дека во времето на Велија Рамковски ќе стане министерка за земјоделие. Инаку, Ленче Николовска е родена во селото Долно Чичево во чија близина се наоѓа пасиштето што под концесија веќе 10-та година го има фирмата Натурал Фуд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.