понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 47

„Курир“: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наместо деструкцијата на СДСМ

Проекти, реформи, мерки и дела наспроти деструкција, дивеење и хаос на опозицијата. Ова е пораката која беше испратена синоќа од маратонскиот отчет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кој траеше повеќе од четири часа. Во детали носителите на јавни функции реферираа за сработеното во минатиот период со особен акцент на изминатите две години, пишува „Курир“.

naroden_sobir_dron_visoko

Поврзани вести

Проекти, реформи, мерки и дела наспроти деструкција, дивеење и хаос на опозицијата. Ова е пораката која беше испратена синоќа од маратонскиот отчет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кој траеше повеќе од четири часа. Во детали носителите на јавни функции реферираа за сработеното во минатиот период со особен акцент на изминатите две години, пишува „Курир“.

Груевски: Исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите

Маратонскиот отчет на партијата на Груевски за сработеното претставува пример на голема транспарентност и отвореност, при што пред 10 илјадна публика и стотици илјади кои можеа да го следат настанот на интернет, се објаснуваше секој аспект на преземените реформи и проекти и корисноста која ја добиваат граѓаните од истите.

Груевски: Исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите

Груевски: Исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите

Ветеното, сработеното и отчетот, посветената работа за подобрување на животот на граѓаните и исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите. Ете тоа не прави поразлични од другите. Вредноста во политиката не треба да биде она што ќе го кажат политичарите, туку тоа што ќе го направат тие за народот, за граѓаните, за државата. Делата треба да зборуваат за нас, а не нашите зборови. Дадениот збор за нас во ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатите години.

Делата, додаде Груевски, нас не прават поразлични од другите политичарите кои само ветуваат брда и долини и никогаш не испорачуваат резултати.

Резултатите преточени во дела нас не разликуват од останатите. Она што ние го ветуваме е реално и остварливо. Отчетот е доказ за тоа. Она што нашите политички опоненти го говорат се најчесто празни зборови и многу често нереални ветувања. Затоа и не може да им се верува. Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата помеѓу нас и нив. Трудот, посветеноста, работата, држењето до дадениот збор, нас не разликуваат од нашите политички противници, особено во едни многу сложени околности какви што имавме кога правеа се за да не дефокусираат, да не оцрнат да не оддалечат од она шза што сме избрани од вас граѓаните на фер, демократски  и легитимни избори во Македонија, истакна Груевски во обраѓањето на почетокот на промоцијата на Отчетот.

По победата на изборите, реформите ќе продолжат (повеќе на следната страница)

Најчитани вести