„Курир“: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наместо деструкцијата на СДСМ

По победата на изборите, реформите ќе продолжат

Ние, потенцира тој, не застанавме и продолживме да работиме на создавање и креирање на реформи на дела, на мерки и разни проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во РМ.

Затоа знајеќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политички период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламетнарни избори ќе продолжиме да работиме посветено на создавање на реформи, на проекти на мерки и на дела што ќе го подобрат животот на сите во нашата држава. Ќе повторам ова е разликата меѓу нас и нив. Вака со работа со дела со резултати со реформи со мерки за поквалитетен живот со решавање на проблемите вака се сака Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Отворени нови 150.000 работни места

Додаде дека бројните реализирани проекти им помагаат на луѓето и со тоа го прават нивниот живот поразличен подобар отколку што бил и поквалитетен во повеќе сегменти.

Ние во изминаитот период покажавме како изгледа да се гради, како изгледа да се грижиш за своите сограѓани, да помоагаш, да решаваш проблеми, да правиш реформи, нашата посветеност е реализацијата на нашата програма и начинот на водење на политиката вроди со плод. Денес луѓето лесно можат да направат споредба како било некогаш, а како е денес. Нашата работа донесе нови работни места чиј број на новоотворени работни места достигна 150 илјади новоотворени работни места. Од 560 илјади вработени над 710  илјади вработени во Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека платите на просветите работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119 проценти кај просветните работници, а највисоката за 67 проценти. За пензионерите просечната пензија е зголемена за над 70 проценти, а најниската за повеќе од 90 проценти.

Користа од нашата политиката ја почуствуваа и земјделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од една милијарда и 55 милиони евра, насочени кон земјоделците. Покажавме како треба да се унапредува здравството со изградба на болници, клиники, набавка на огромни количини медицинска опрема во износ од над 100 милиони евра, но и со едукација на најновите методи за дијагностика и најновите методи за лечење на различни болести, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Грижата за иднината на земјата, според него, се гледа во образованието, преку шансата за запишување на универзитет, преку двата новоотворени државни универзитети, преку зголемените стипендии и намалените партиципации, преку можноста за студирање во странство, а трошокот да го покрие буџетот и многу други поволности.

Граѓаните добро знаат што значи да се обновува инфраструктурата. Градиме три нови автопати, изградивме над 510  километри регионална и околу 750 километри локална патна мрежа, истакна Груевски.

Реализирани над 3.500 проекти, мерки и реформи

Овие, додаде, и уште над 3.500 други проекти, мерки и реформи се реализирани во неколку последователни години.

Пред вас денеска се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од вас, од граѓаните, од народот, од поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Во овој отчет се опфатени проекти од 2014 до 2016 годинано и некои поголеми и значајни проекти коишто започнале или се реализирале и во периодот до 2014 година, истакна Груевски.

Подвлече дека е тешко на неколку стотини страници да се каже и да се покаже што се е направено, но едно е важно, а тоа е фактот дека најголем дел од тоа што е ветено е остварено или почнало да се остварува. Има, рече, и многу работи што не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните во текот на мандатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.