Македонија

„Курир“: Ременски постави партиски цензор да одлучува за одговорите кон граѓаните

„Курир“: Ременски постави партиски цензор да одлучува за одговорите кон граѓаните

Ременски постави партиски цензор да одлучува за одговорите кон граѓаните. Новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски веќе третиот ден ја злоупотреби функцијата министер во полза на партија, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека според најновото известување пратено до службите од кабинетотот на Ременски, се дава надлежност на претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска,  да го одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните, што е спритивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата.

Како може претседателка на партиска комисија која не е вработена во министерството за труд и социјална политика да одобрува било каков одговор на стручните служби во министерството, прашува Курир и нагласува дека ова е досега невиден скандал, партизација на институциите и злоупотреба на овластувањата на Ременски.