„Курир“: Ременски прекршува дури три закони

Ременски прекршува дури три закони, пишува „Курир“. Порталот нагласува дека постапката за вработување на посебните советници е многу јасно и прецизно уредена во Законот за вработени во јавен сектор.

Курир“ потсетува дека согласно Законот за вработени во јавен сектор за Министерството за труд и социјална политика треба да обезбеди согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување на посебните советници и потоа раководното лице на институцијата да објави јавен оглас согласно со општите прописи за работни односи или да склучи договор за отстапување на вработен со Агенција за привремени вработувања.

Понатаму, согласно Законот за работни односи без потпишување на договор за работа никој не може да стапи на работа ниту во јавен ниту во приватен сектор.

„Курир“ нагласува дека покрај овие прекршувања на законите, техничката министерка Фросина Ременски, влијае вработените во нејзиниот кабинет да направат неколку дисциплински повреди со испраќањето на имејл до сите вработени со кои ги задолжува вработените во МТСП да барат одобрување за секој одговор до граѓаните од Мила Царовска, при што го прекршила Законот за јавна администрација или поконкретно членот 73 точка 1 од истиот закон, односно несовесно и небрежно ги вршела работните задачи, членот 73 точка 12, го злоупотребила статусот на административен службеник, точка 13 од истиот член, ги злоупотребила доверените овластувања во вршењето на работните задачи и членот 73 точка 22, со тоа што се однесувала спротивно на членот 5 од Кодексот за административни службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.