вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

„Курир“: СДСМ го прати ДИК во швалерска контрола

Државната изборна комисија на барања на СДСМ истражува колку парови во Република Македонија живеат во вонбрачна заедница на иста адреса. Тоа е само уште еден од чудните критериуми по кои ДИК ќе ги вкрстува податоците, пишува „Курир“.

izbiracki-spisok

Поврзани вести

Државната изборна комисија на барања на СДСМ истражува колку парови во Република Македонија живеат во вонбрачна заедница на иста адреса. Тоа е само уште еден од чудните критериуми по кои ДИК ќе ги вкрстува податоците, пишува „Курир“.

Како што пишува порталот, освен тој критериум, ДИК испитувала и колку сопружници стапиле во брак, односно почнале да живеат во заедница, но не ги земале презимињата на сопругот, т.е. ги задржале сопствените презимиња. За СДСМ сега сите овие категории на граѓани се фантомски гласачи. Во оваа сериозна истрага која ДИК ја спроведува на барање на опозициската СДСМ се и разведени мажи или жени кои се вратиле кај своите семејства и имаат различно презиме.

За СДСМ и медиумите под нејзина контрола споредно беше што поранешната министерка за внатрешни работи се презива Јанкулоска, а нејзиниот сопруг кој е регистриран на истата адреса се презива Илиевски. Различните презимиња според Јанкулоска е нивен личен избор и право.

jankuloska-fb-1

Ова само покажува заради какви проверки и резултати СДСМ барање одложување на изборите.

Најчитани вести