четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 10

„Курир“: СДСМ ја прогласи за фантом, а таа го тужи ДИК

Професорката на својот блог „Квадратура на кругот“ напиша дека кривичната пријава ја поднесува затоа што членовите на ДИК ја злоупотребиле својата положба и противуставно и противзаконски ја избришале од избирачкиот список на Република Македонија.

najce-625x330

Последни вести

Политичката партија чии ставови отворено ги застапува и брани ја прогласи за фантом, а професорката Мирјана Најчевска ја тужи Државната изборна комисија (ДИК). Документот на ДИК, според кој право на глас на следните избори ќе имаат 1.770.736 гласачи, стави крај на фантомската игранка на СДСМ и целосно ги разобличи лагите и манипулациите на најголемата опозициска партија, пишува „Курир“.

Професорката Мирјана Најчевска ќе ги тужи членовите на Државната изборна комисија за повреда на избирачко право.

Професорката на својот блог „Квадратура на кругот“ напиша дека кривичната пријава ја поднесува затоа што членовите на ДИК ја злоупотребиле својата положба и противуставно и противзаконски ја избришале од избирачкиот список на Република Македонија.

„Чичаковски и другите го злоискористиле постапувањето по членот 196-б од Изборниот законик да го избришат подносителот на пријавава, наводно поради жителство во ист стан со лице со различно презиме, а родено во период помалку од една година. Иако ова не е законски утврден услов ниту, пак, се работи за противправност од каков и да е вид, врз основа на ова и само на ова, тие претходно го ставиле пријавителот на таканаречен список на спорни гласачи“, пишува во образложението на пријавата што Најчевска планира да ја поднесе.

Името на Најчевска, заедно со уште неколку познати во јавноста личности, се најде во списокот на спорни гласачи кои требаше да се пријават во ДИК, за да го докажат своето постоење, но таа изјави дека нема намера да се пријавува во ДИК.

Со финализирањето на списокот, ДИК ги демантира сите изнесени лаги од страна на челниците на СДСМ. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и другите од врвот на Бихаќка со месеци лицитираа со бројки за бројот на гласачи и измислуваа број на фантоми, меѓу кои и Мирјана Најчевска.

Последниот избирачки список е практично идентичен како оној од изборите во 2014, кога СДСМ загуби со приближно 200.000 гласови разлика.  Од ДИК очекуваат бројот на гласачи дополнително да се зголеми кога ќе почне јавниот увид кој според неофицијалниот роковник ќе биде од 27 октомври до 16 ноември. Избирачкиот список ќе биде конечен на 27 ноември.

Собранието ќе се распушти на 12 октомври по што собранискиот спикер има рок од 7 дена да ги распише изборите. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува со стартот на изборниот молк, на е 10 декември, еден ден пред изборите.

Најчитани вести