вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 44

„Курир“: СДСМ имала, ама Јанева немала услови за прислушуваните материјали

СДСМ и Зоран Заев измислуваат неосновани изговори со цел да го опструираат договорот од Пржино со непредавање на илегално стекнатите материјали. Илјадници приватни разговори на макеодонските граѓани и натаму се во рацете на функционерите на СДСМ, пишува порталот „Курир“.

zoran-zaev-640x382

Поврзани вести

СДСМ и Зоран Заев измислуваат неосновани изговори со цел да го опструираат договорот од Пржино со непредавање на илегално стекнатите материјали. Илјадници приватни разговори на макеодонските граѓани и натаму се во рацете на функционерите на СДСМ, пишува порталот „Курир“.

Порталот потсетува дека во понеделникот и официјално специјалната обвинителка Јанева побара од СДСМ да бидат испорачани сите незаконски прислушувани разговори, за што од специјалното обвинителство беше испратено соопшштение до сите медиуми.

Колку изговорите на СДСМ се неосновани најдобро покажуваат тврдењата дека партијата имала, а СЈО и Катица Јанева немале услови за да ги чуваат прислушуваните материјали. Ова особено паѓа во вода ако се знае дека Јанева ги има сите услови за да ги добие материјалите. За тоа се потребни сеф – кој СЈО го има, просторија – која ја имаат и полиција- која е министерствувана од кадарот на СДСМ Оливер Спасовски, нагласува „Курир“.

janeva-sef-1

Порталот понатаму пишува дека во смислувањето на изговори да не се почитува законот, СДСМ е креативна па отиде до таму да условува со законот за обвинителска служба. Но, како што се нагласува во текстот, вистината е дека нема никаква врска законот за јавно обвинителска служба со обезбедување на услови за материјалите.

Познавачите сметаат дека со прислушуваните разговори Заев ја држи послушноста во својата партија и ја чува својата позиција на политичката сцена имајќи предвид дека партијата до сега не успеа да се наметне како субјект со политичка програма и проекти за граѓаните. Предавањето на материјалиоте стекнати со незаконско прислушување остана единствената неисполнета обврска од Пржино и воедно единствената која покрај враќањето во Собранието требаше да ја исполни СДСМ, пишува „Курир“.

Најчитани вести