четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 22

„Курир“: СДСМ манипулира со столбот на државноста – Уставен суд

СДСМ манипулира со темата за Уставниот суд и ја извртува вистината со цел да манипулира со граѓаните на Република Македонија, пишува Курир.

pomiluvanje-sdsm-640x467

Поврзани вести

СДСМ манипулира со темата за Уставниот суд и ја извртува вистината со цел да манипулира со граѓаните на Република Македонија, пишува Курир.

Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.

Јавноста треба да знае дека каква одлука и да донесе Уставниот суд, тој што направил нерегуларности ќе одговара. За тоа има строг закон кој веќе е стапен на сила.

Подметнувањата кои ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.

СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009-та гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд.

Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

cvetanka-protiv-nova-640x377

Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.

Не треба да му веруваме на претседателот , на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова Собрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9ти јануари 2009та. во Собранието.

Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот Фејсбук профил таа пред неколку дена го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.

cvetanka6

Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.

Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно

Луѓето од СОРОС и СДСМ…

Најчитани вести