„Курир“: СДСМ манипулира со столбот на државноста – Уставен суд

Владата одлучи против оваа иницијатива кога давала мислење. ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој закон за да не може да се помилува за овие дела, а според СДСМ тогаш ова беше неуставно.

Во писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ деновиве посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

karakamisevamrtivana

Каракамишева-Јовановска: СДСМ се против институциите во Република Македонија

Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментира дека Уставниот суд не донесе одлука за укинување на конкретни одредби од Законот, како што СДСМ, нивните експерти и поддржувачи ја дезинформираа јавноста, туку решение за отпочнување на постапка како прв чекор во постапката по предметот.

Овој политички пристисок што се прави врз работата на Уставниот суд, е идентичен со оној што се прави врз јавното обвинителство и врз судството, како директна уцена и закана врз нормалното работење на државните органи. Хистеријата што ја започна СДСМ против работата на Уставниот суд е провидна игра на оваа партија, затоа што во 2009 година токму СДСМ беше на став дека набројувањето на кривичните дела во Законот за помилување за кои на претседателот на државата му се забранува да даде помилување е противуставно. Сега, во нови околности, кога претседателот на Републиката не е од нивната партија, тие целосно го променија својот став и одредбите сега арогантно и дрско ги бранат како уставни. Во 2009 година велеа дека се противуставни, сега велат дека се уставни, вели Каракамишева- Јовановска.

Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении.

Пошироката акција на опозицијата е со намера комплетно да се подријат темелите на правниот и политичкиот систем во земјата со цел легитимирање на нивната идеја за создавање паралелни правни и политички институции во државата кои ќе бидат по мерка и по вкус на СДСМ. Со ова практично излегува на површина целата иронија на залагањето на СДСМ за принципот на одделување на партијата од државата. Суштината на нивното залагање е како да го тргнат ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се инсталира СДСМ со нивните соросоидни полуги во институциите на системот одозгора, на сила, без изборен легитимитет. Сите досегашни акции на СДСМ можат да се оценат како вид државен удар, удар кој во теоријата е познат како „дворска револуција“ која СДСМ ја задскрива зад наводната борба за демократија, вели Каракамишева- Јовановска.

Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд.  Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.

Опозицијата намерно го извртува случајот во јавноста со цел свесна дискредитација на Уставниот суд што е во целосна согласност со веќе воспоставениот јуришнички поход на рушење на авторитетот, најнапред на Собранието, потоа на Владата, па на Претседателот на РМ, па на јавното обвинителство, судството, а сега на ред дојде и Уставниот суд на РМ, вели универзитетската професорка.

Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не.

Дури Уставниот суд на РМ и да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не значи дека судовите во државата нема да судат и да осудуваат за изборни нерегуларности, за педофилија, за злосторства против човештвото итн. Судот и натаму ќе ги суди сите лица што го повредиле Кривичниот законик, а сторителите и натаму ќе ги издржуваат затворските казни пропишани во законот, а одредени од страна на судовите. Ако се случи Уставниот суд сепак да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не мора да значи дека претседателот на РМ веднаш ќе ги помилува сторителите на овие кривични дела. Оваа партиска теза е класично извртување на случајот за предизборни интереси на СДСМ, вели Каракамишева- Јовановска.

rada-buckovski

Агресија и деструкција: Притисоците врз Судот се стил на однесување на СДСМ низ годините

Ова не е прв случај на СДСМ за притисоци врз Судот. Низа примери од минатото покажуваат дека тоа и нивен стил на однесување, полн со агресија и деструкција. СДСМ со насилни протести пред судовите во минатото се стави во одбрана на своите членови од легални судски постапки. И тоа често пати протестираа со пратеници, што е чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.

Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екс-лидерот и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис, протести пред суд со барање за ослободување за градоначалникот на Струмица и сегашен лидер Зоран Заев, осомничен за корупцоја од 8 милиони евра… се само дел од низата.

Во 2007 година….