„Курир“: СДСМ манипулира со столбот на државноста – Уставен суд

Во 2007 година иако беше обвиненет за злоупотреба на службена положба и овластување и дека го оштетил Буџетот за три милиони евра со набавката за резервни делови за тенковите Т-55, Бучковски, сепак, не заврши во притвор. Судот донесе одлука Бучковски да се брани од слобода. Откако во Собранието му беше одземен пратеничкиот имунитет, го доставил пасошот како гаранција дека нема да побегне од државата. За време на седумчасовниот распит голем број членови и симпатизери на СДСМ протестираа пред судот. Вратите на судот беа блокирани од партиските симпатизери и од полицијата.

Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска.

Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.

Истото се случуваше и кога социјалдемократите протестираат за слобода на фармерот Душко Илиевски. Пратеници од СДСМ, предводени од Менде Диневски и Весна Бендевска и претседателот на општинската организација, Васко Ковачевски, со протести пред судот и општината бараат ослободување на Илиевски, иако во неговиот двор беа најдени стебла канабис сатива.

Не одлучува Судот туку МВР

За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности и дали ќе има санкции кон некого, не одлучува и не е надлежен Уставниот суд, туку МВР. МВР е под контрола на СДСМ, а технички министер е генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски. Како сега според СДСМ, МВР стана професионално и непартиско кога на чело на министерството е еден од највисоките партиски функционери?

За СДСМ очигледно се што е под нивна контрола е демократско, а се што размислува спротивно од нив е недемократско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.