„Курир“: СДСМ се откажа од сувереноста, ја продава душата на државата

СДСМ за свои политички поени ја продава душата на Република Македонија. Македонците кои беа вклучени во создавањето на државата со остра осуда за однесувањето на македонската опозиција. Тие велат дека СДСМ удри по сувереноста на нашата земја, само затоа што не е спремна да се соочи со македонскиот народ, пишува „Курир“.

Наумов: СДСМ ја наруши сувереноста на државата уште во 2001-ва година

Првиот министер за правда во Република Македонија, Ѓорѓи Наумов, вели дека е сосема јасно зошто СДСМ бега од избори, но порачува дека оваа партија ќе доживее уште еден пораз кога и да се одржат следните избори.

СДСМ нема доволно капацитет, нема доволно народ и сега бара чаре како да се спаси. Како пред македонската и светската јавност да образложи, ете сите услови им се обезбедија, техничка влада добија за избори, но бегаат, не сакаат бидејќи знаат дека нема да ги добијат. Не само сега туку и наредни и наредни, долги и долги години тие не можат да добијат на избори. Отиде веќе во историјата тоа нивно барање за промена на името. Овој народ не се бореше за промена на името, не се бореше за рушење и разградување на државата. Се бореше за јакнење на државата. Зарем не гледате денеска каква е Македонија, какво е Скопје, колку институции и одбележја се направени. Скопје не си заличува на тоа старо Скопје. Скоро 50 години живеевме во еден систем кога во Скопје не се изгради ниту еден споменик за некој наш револуционер. Сега викаат дека биле многу, ама ако, децата ќе ги научат, ќе ја научат историјата за да се борат за ова парче земја, што се вика Македонија на македонскиот народ по род, вели тој за Курир.

Според него, СДСМ денес ја нарушува сувереноста на државата, но оваа партија, вели, веќе и одамна го направи тоа.

СДСМ ја наруши сувереноста на државата уште во 2001-ва година кога во спрега со албанските терористи дозволи да се крши Уставот, да не напаѓаат нас, а да не се браниме соодветно. Потоа да потпишеме Рамковен договор за Македонија од унитарна држава да направиме дека е билатерална држава или држава на племенски заедници, а не на македонска нација и малцинства. Анализирајте ја преамбулата на Уставот, Македонија е држава на македонскиот народ и дел од малцинствата. Што значи тоа? Дел не е целина, значи Македонија не е обединета. Ние во Обединетите Нации не сме примени како племенска заедница, туку како Република Македонија. На овие предавници од Европа треба да им се каже дека се Persona Non Grata, вели Наумов во изјава за КУРИР.

Боев: Ништо од нас нема да има, ако дозволиме да се распадне Македонија

Поранешниот министер за млади и спорт, Ѓорѓи Боев вели дека СДСМ го опструираат сето она што е постигнато во Македонија од осамостојувањето до денес.

Прва работа е дека тие од СДСМ треба да седат мадро да не направат некоја беља и да почнеме да се тепаме меѓу себе, не со тупаници него со куршуми. Втората работа е дека се однапред определени да го опструираат сето она што е убаво и што до сега е постигнато. Моето мислење е дека до 24 април има огромен временски простор се да се среди, апсолутно се! Така да нивната опструкција е поврзана со тоа што, СДСМ на избори нема да добијат поддршка од народот и затоа бараат опструкции. Дополнително треба да бидеме свесни дека штом се запролети на границата со од Грција во Македонија влегуваат огромен број на бегалци, да не настане некоја гужва тука во нашата држава а ние уште го немаме решено прашањето околу стабилноста на Владата, па да станеме полигон околу различни пресметки. Мора да си ги чуваме нашите луѓе, оти тие не се должни што луѓе од воени подрачја поминуваат од тука. Се она што не опкружува сега на Балканот, поточно меѓу Грција и Македонија, мора да внимаваме на тоа и да биде преден план на СДСМ да не крева многу „прашина“ туку да се среди работата и да излезе на избори, вели тој за КУРИР.

И Боев се согласува дека СДСМ ја нарушува сувереноста на државата.

Тоа се гледа уште со објавувањето на бомбите. Тие да беа на место немаше такви паради да прават. Ние сега мораме и да си ја чуваме границата и нашата сувереност уште еднаш нема никој ваква слобода да ни даде. Ништо од нас нема да има, ако дозволиме да се распадне Македонија. Ние имаме проблем кој што како атомска бомба виси над нас, заклучи тој.