„Курир“: СДСМ се плаши од избори, тоа го потврдуваат и нивните експоненети

Партијата која речиси цела деценија е во длабока опозиција, СДСМ, панично бега од соочување со народот. Анкетите кои го испитуваа јавното мислење им покажаа на челниците од Бихаќка дека рејтингот на партијата и на лидерот се многу ниски и дека на избори на 24-ти април ќе доживеат катастрофален пораз, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека токму поради ова партискиот претседател Зоран Заев упорно бара начин да избегне соочување со народот.

На завчерашните маратонски разговори во Пржино, Заев потрошил часови да ги убеди сите останати изборите да бидат одложени. Единственото што очигледно му било важно е избори да нема иако сите го убедувале дека според договорот, избори треба да има на посочениот датум и дека сите услови се и ќе бидат исполнети. Трите останати најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се изјасниле дека се против одложување на изборите и инсистирале да се одржат на датумот предвиден во договорот-24 април. Само лидерот на СДСМ, не сакал да чуе дека на овој датум мора да се соочи со волјата на македонскиот народ. Заев остана глув и на убедувањата на Хан, ДИК, ОБСЕ и ОДИХР, пишува „Курир“.

Порталот ги пренесува и изјавите на главните медиумиски перјаници и експоненти, што се доказ дека најголемата опозициска партија, СДСМ панично бега од избори и од соочување со народот.

Тричковски: СДСМ може да победи само на наместени избори

Опозиционерот Бранко Тричковски на јавноста и е познат по дрските навреди и пцовки упатени кон македонскиот народ.

Тричковски: СДСМ може да победи само на наместени избори
Тричковски: СДСМ може да победи само на наместени избори

Тој е силен поддржувач на СДСМ и гласноговорник на политиките од Бихаќка, а во својата најнова колумна признава дека опозициската партија не може да победи на избори.

Односно, Тричковски вели дека СДСМ можа да победи само на наместени избори.

Изборите имаат смисла само ако не се кристално чисти односно ако се наместени во корист на битката против злото, пишува тој.

Тричковски силно посакува СДСМ да победи на изборите, но знае дека на фер и демократски избори, СДСМ нема никакви шанси да го победи ВМРО-ДПМНЕ.

Колумната на Тричковски е објавена во најновиот број на „Слободен печат“ и во негов стил, изобилува со тешки навреди.

Поддржувачите на СДСМ повикуваат на протести за да нема избори

Стравот од избори силно се забележува и од Бранко Героски кој освен тоа што е за одложување на изборите, јавно повикува на протести за да нема избори.

И дел од поддржувачите на СДСМ, преку социјалните мрежи повикуваат на насилни протести само за изборите да бидат одложени, затоа што знаат дека на нив нивната партија ќе доживее катастрофален пораз.